24 мај

МАНАСТИР ОСТРОГ - ЦРНА ГОРА 

                  СУТОМОРЕ – БУДВА – КОТОР   – ПЕРАСТ – БАР-ОСТРОГ

  20.05-24.05.2022

дена / 4 ноќевања 

20.05.2022 петок ( Скопје-Сутоморе)

Состанок на групата во 14.00 часот од паркингот спотрската сала Борис Трајкковски ( А1 АРЕНА )  и поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи. Пристигнување во Сутоморе во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

21.05.2022 сабота (Пераст – Котор – Будва)

Слободно предпладне. Во 10.00 часот поаѓање за Пераст. (факултативно) Пераст е мал град кој се наоѓа помеѓи Рисанскиот и Бокакоторскиот залив. Пераст со сигурност е една од најатрактивните дестинации во Бокакоторскиот залив. Овој мал стар град е специфичен по многу нешта. Низ историјата ова место многумина сакале да го освојат од Византиското царство па до австриијците и секој од нив оставил свој белег во градот. Денес Пераст е една од најлуксузните дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви, а секако главна атракција е островот Госпа од Шкрпеља. Со брод заминуваме кон ова мало островче. Легендата вели дека морнари во 14 век пронашле на карпа во морето икона на Богородица со дете во раце и по секоја успешна пловидба фрлале камења во морето и така се создал овој остров. На островот се наоѓа црква која содржи огромен број на уметнички дела како и иконата на Госпа од Шкрпеља. Но, она што најмногу го привлекува вниманието на посетителите е непбичната таписерија која ја изработувала Јаница Куниќ цели 25 години колку што го чекала својот сопруг да се врати од пловидба. Во таписеријата се наоѓаат вткаени прамени од нејзината коса. Потоа со брод се враќаме во Пераст, пред поаѓањето за Котор слободно време од 1 час.

Продолжуваме кон Котор, град под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифу, Црквата Св.Никола....Попладне посета на Будва, слободно време за индивидуална прошетка низ стариот град. Вечерта факултативно вечера во најстариот ресторан во Будва.  ( Котор, Будва – слободно време за индивидуални прошетки по околу 2,5 часа ) Враќање во Сутоморе. Ноќевање.

22.05.2022 недела ( Острог – Подгорица)

Во 10.00 часот поаѓање за Острог. Разглед на манастирскиот комплекс кој датира од 17 век  и поклонување пред моштите на Св. Василие Острошки. Попладне поаѓање за Сутоморе со попатна пауза на трговскиот центар Delta City во Подгорица. Ноќевање.

23.04.2022 понеделник( Дубровник)

Состанок на групата во 09.00 часот и поаѓање за Дубровник. (факултативно)Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за индивидуална прошетка. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање. 

24.05.2022 вторник (Сутморе - Бар – Скопје)

Поаѓање за Бар во 10.00 часот. Слободно време за прошетка низ градот. Во 12.00 часот поаѓање за Скопје.  Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА 4.500,00 ден 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

·         4 ноќевања во Сутоморе

·         превоз со високо туристички автобус на наведената релација

·         посета на Острог, Подгорица, Сутоморе, Бар

·         пратител за време на целото патување

·         организација и реализација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

·         превоз од Долниот до Горниот Манастир во Острог (со комбиња од манастирот)

·         излетничка такса на Острог во висина од 1 евро

·         Посета на Дубровник (превоз и разглед со локален водич) – 25 евра

·         Посета на Перас, Котор и Будва (билет за брод и посета на Гспа од Шкпеља со вклулена влезница во Црквата Госпа од Шкрпеља) – 20 евра

·         влезници за културно-историските споменици

·         патничко осигурување

 

Ø  доплата за 1/1 соба 30% од аранжманот

Ø  деца до 12 години плаќаат 2500 денари 

Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата .

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките на водичот.
  • Доколку дојде до откажување на аранжманот од ТА Скаут – парите се враќаат, а доколку патникот сака да го откаже патувањето тоа ќе биде согласно условите за патување
  • ТА Скаут го задржува правото на промена на редоследот во програмата
  • Должината на слободното време зависи од објективни причини, агенцијата не учествува во организирање на слободното време на патниците

  

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.

За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници. 

За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје