СУТОМОРЕ – КОТОР
– ПОРТО МОНТЕНЕГРО - БУДБА – ОСТРОГ
07.12 – 11.12.2022
4 дена/ 3 ноќевања и превоз
07.12.2022
среда
Состанок на групата во 23,00 часот кај Борис Трајковски,
поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи за
одмор и зарински формалности.
08.12.2022
четврток (Сутоморе – Бар)
Пристигнување во Сутоморе во утрински часови. Сместување во апартмани. Слободно време. Попладне посета на Бар. Слободно време од околу 3 часа за прошетка низ градот. Враќање во Сутоморе. Ноќевање.
09.12.2022
петок (Тиват – Котор – Будва)
Во 09.00 часот поаѓање за Тиват (факултативно) можност
за прошетка и уживање во ново изградениот луксузен комплекс Порто Монтенегро. Станува збор за едно уникатно место во Тиват
– спој на Монте Карло, Сен Тропе... Главен инцеститор е канадскиот милијардер
Питер Манк кој го купува старото воено бродоградилиште и го претвора во марина
за мега јахти, луксузни хотели, продавници и ресторани.
Продолжуваме кон Котор, град под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифун, Црквата Св.Никола.... Денот го завршуваме во Будва. Препорачуваме прошетка низ Стариот град или вечера во некој ресторан покрај море. ( предвидено слободно време за прошетки по околу 3 часа) Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
Состанок на групата во 09.00 часот и поаѓање за Дубровник. (факултативно). Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за индивидуална прошетка. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.
11.12.2022 недела (Острог – Скопје)
Во 09.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Околу 14 часот поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА:3900 денари
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
- 3 ноќевања во Сутоморе (вила Скаут и
вила Ексклузив)
- превоз со високо туристички автобус
на наведената релација
- посета на Манастирот Острог, Бар
- пратител за време на целото патување
- организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
- факултативна посета на Порто
Монтенегро, Котор и Будва – 20 евра
(
факултативно само Будва = 10 евра)
- факултативна посета на Дубровник (
разглед со водич) – 30 евра
- ПОПУСТ ако се купат сите факултативите = 40 евра
- 1 евро излетничка такса во Острог
(задолжителна доплата)
- превоз од Долниот до Горниот
Манастир во Острог (со комбиња од манастирот)
- патничко осигурување
*доплата за 1/1 соба 30%
*попуст за деца до 12 години 20%
Напомена:
- организаторот
го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
-
Може да се
патува со лична карта во Црна Гора. За патувањето во Дубровник потребен е пасош
.
- Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра.
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА
Скаут – Скопје