8 СЕПТЕМВРИ ЕВИА

 Пефки – Скијатос - Едипсос

 07.09.2022 – 11.09.2022

 4 дена/ 3 ноќевања со појадок

Евиа е втор најголем остров во Грција. Одалечен од Скопје околу 490 км. Островот е долг 180 км, главен град е Халкида во чија близина се наоѓа мост кој го поврзува островот со копно. Од Атина е одалечен 80 км. Островот Евиа е омилена дестинација на локалното население. Се одликува со долги песочни плажи, поволни климатски услови, богата флора и фауна, многу борова шума, бројни термални извори и археолошки наоѓалишта. Најпопуларно туристичко место е Пефки, кое се наоѓа на северната страна на островот и познатите термални извори во Едипсос.

07.09.2022 - Среда - Состанок на групата во 23.30 часот од Дрводекор. Поаѓање за Пефки преку граничен премин Богородица  со попатни паузи. Ноќно патување .

08.09.2022 Четвтрок - Пристигање во Глифа околу 08.00 часот  од каде што се качуваме на траект за Агиокампос  ( Евиа ) . Пристигнување во Агиокампос околу 08.30 часот . Продолжуваме со автобусот кон Пефки . Пристигнување во Пефки околу 09.00 часот . Сместување во вилите. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Ноќевање .

09.09.2022  Петок  - Појадок . После појадокот се упатуваме кон Скијатос кој слободно може да се каже дека е едно од најпопуларните грчки острови, како меѓу младите, поради добрата забава, така и меѓу повозрасна популација поради мирот, тишината и прошетките покрај мирното море. И покрај тоа што има површина од само 50 km2, островот може да понуди за секој по нешто. Скијатос изобилува со убави плажи, дури 66 се на број, а најпознатите се Кукунарија и Лаларија. Својата популарност ја должи баш на плажите со специфична „златна“ боја на песокта, како и доста од нив со природна ладовина од боровите дрвја. Еден од адутите на островот е и главниот град Скијатос, познат по возбудлив ноќен живот. Монденски Скијатос ќе Ве воодушеви на секој чекор и сигурно нема да згрешите доколку го посетите.!Ноќевање .

 

10.09.2022 Сабота  Појадок . После појадокот целодневен излет на термалните извори во Едипсос каде водата која има 30-70  директно  извира од камењата што се наоѓаат на брегот на морето . Тука се формираат природни базенчиња со топла вода и преубави водопади кој се вистински магнет за туристите . Во попладневните часови враќање за Пефки. Ноќевање .

11.09.2022 Недела  - Појадок. После појадокот поаѓање за Скопје.Пристигување во Скопје во вечерните часови.

 

  ЦЕНА 7440 денари

Во цената е вклучено :

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација.
  • 3 ноќевањa со појадок  (приватно сместување).
  • Организација и реализација на програмата.
  • Пратител за време на целото патување.

Во цената  не е вклучено :

  • Патничко осигурување.
  • Факултативна посета на Скијатос – 18 евра
  •  Факултативна посета на Едипсос – 10 евра
  • Индивидуални трошоци.
  •  Посета на културно и уметнички спомениц
  •     Доплата за 1/1 соба  50% од аранжмано
  •     Деца до 12 години имаат 20% попуст 

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.

За oва патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје .