Нова 2023 Година - БЕЛГРАД со Нови Сад

ГРАТИС - Разглед на Белград со локален водич

 

1.Ден 30.12.2022 (Петок)

Состанок со групата на старата автобуска во Прилеп во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2.Ден 31.12.2022 (Сабота)

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич:плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината  Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав... Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

 

3.Ден 01.01.2023 (Недела)

Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад-  центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот , катедралата , Петроварадинската тврдина. Слободно

време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за постновогодишни прошетки или забави. Враќање во хотел индивидиално. Ноќевање.

 

4.Ден 02.01.2023 (Понеделник )

Појадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во центарот на  Белград за индивидуални активности..

Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена: 129 еур / 7.998,00 мкд
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

·         Превоз  со туристички автобус на дадената релација

·         Организација и водство на патувањето

·         ГРАТИС - Разглед на Белград со локален водич

·         2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград

·         Посета на трговскиот центар "Ушче"

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

·         Патничко осигурување 150 мкд

·         Туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција) 

·         Факултативен излет до  Нови Сад – 750 денари- пријавување во агенција, плаќање во автобус.

·         Влезници во културно/историски споменици

 

НАПОМЕНА!!!

За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници, во спротивно краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А.ОРБИТА и Т.А СКАУТ