Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.


ВИЛА РЕКС - ЕДИПСОС

Вила Рекс  има одлична локација во прва линија на 10м од плажа, поставена покрај море на шеталиштето во самиот центар на Едипсос. Оддалеченоста од термалните извори е околу 600м. Вилата располага со двокреветни студија со поглед кон море на прв кат, опремени со соодветен мебел, мини чајна кујна со прибор за готвење, фрижидер, Wi-Fi (вклучено во цена), ТВ, клима (вклучено во цена)

 

Програма

1. Ден. Состанок на групата во 00:30. Поаѓање кон Едипсос во 01:00. Попатно застанување кај Волос се симнуваат патниците за Скијатаос и продолжуваме кон Евија. Кај Глифа се качуваме на траект. за околу 30 минути пристигнуваме на островот Евија кај местото Агиос Кампос на 17км од Едипсос. Пристигнување и сместување во Едипсос.

2.  3/4/5/6/7 Ден. Одмор и рекреација уживање во прекрасниот Едипсос и островот Евија. Можност за посета на некој од факултативните излети: Посета на Атина, Посета на островотт Скиатос, Посета на грчките Сејшели и Лахадонисја.

8.  Напуштање на собите во 09:00 поаѓање за Скопје.

 

ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ БУС+ТРАЕКТ+СМЕСТУВАЊЕ

 

-20% за резервации со комплетни уплати до 31.12.2022

-10% за резервации со комплетни уплати до 15.04.2022

-7% за резервации со комплетни уплати до 15.05.2022

 

 

СМЕНАПЕРИОД1/2 СТД КОН МОРЕ
120.05-27.0599
227.05-03.06119
303.06-10.06129
410.06-17.06139
517.06-24.06179
624.06-01.07189
701.07-08.07199
808.07-15.07209
915.07-22.07209


СМЕНА ПЕРИОД1/2 СТД КОН МОРЕ
1022.07-29.07209
1129.07-05.08209
1205.08-12.08209
1312.08-19.08209
1419.08-26.08189
1526.08-02.09179
1602.09-09.09159
1709.09-16.09149
1816.09-23.09119
 

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

-   Цените се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба. 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* Автобуски превоз Скопје – Едипсос - Скопје

* Сместување во Студио 7 ноќи

* Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа

* Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Задолжително патничко осигурување.

* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

* Турситичка Такса 0,5 центи од ден по соба (се плаќа во објектот)

 

НАПОМЕНИ:

– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;

– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. 

– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 

– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори

– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Ваикики Травел. 

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

– Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);