Едипсос е
мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема
многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете
лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова
место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека
изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно
сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој
пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што
најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите
и течат директно во морето.
ВИЛА ТЕМИС - ЕДИПСОС
Вила
Темис или Хотел Темис има одлична локација во градот Едипсос. На 150м од
плажа и на 5 минути пешачење до Термалните извори. Располага со 18
реновирани соби (16 двокреветни и 2 трокреветни) сите со кујна и 2 соби
двокреветни (ЕКО) без кујна со поглед кон градина. Кујните се комплетно опремени
и содржат (чинии, чаши, тенџере, ѓезве за кафе, шолји, прибор за јадење, лагер,
отварач, сад за салата итн).
Локација/ Кординати: 38.8566333,23.0439949
Програма
1.Ден. Состанок на групата во 00:30.
Поаѓање кон Едипсос во 01:00. Попатно застанување кај Волос се симнуваат
патниците за Скијатаос и продолжуваме кон Евија. Кај Глифа се качуваме на
траект. за околу 30 минути пристигнуваме на островот Евија кај местото Агиос
Кампос на 17км од Едипсос. Пристигнување и сместување во Едипсос.
2. 3/4/5/6/7 Ден. Одмор и рекреација
уживање во прекрасниот Едипсос и островот Евија. Можност за посета на некој од факултативните
излети: Посета на Атина, Посета на островотт Скиатос, Посета на грчките Сејшели
и Лахадонисја.
8. Напуштање на собите во 09:00 поаѓање за Скопје.
-10% за
резервации со комплетни уплати до 15.04.2022
-7% за
резервации со комплетни уплати до 15.05.2022
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ БУС+ТРАЕКТ+СМЕСТУВАЊЕ
СМЕНА | ПЕРИОД | 1/2 ЕКО СТД | 1/2 СТД | 1/3 СТД |
1 | 20.05-27.05 | 69 | 79 | 99 |
2 | 27.05-03.06 | 79 | 89 | 119 |
3 | 03.06-10.06 | 89 | 109 | 129 |
4 | 10.06-17.06 | 99 | 119 | 139 |
5 | 17.06-24.06 | 105 | 129 | 169 |
6 | 24.06-01.07 | 119 | 149 | 179 |
7 | 01.07-08.07 | 129 | 159 | 189 |
8 | 08.07-15.07 | 139 | 169 | 199 |
9 | 15.07-22.07 | 149 | 179 | 199 |
СМЕНА | ПЕРИОД | 1/2 ЕКО СТД | 1/2 СТД | 1/3 СТД |
10 | 22.07-29.07 | 159 | 189 | 199 |
11 | 29.07-05.08 | 159 | 189 | 199 |
12 | 05.08-12.08 | 159 | 189 | 199 |
13 | 12.08-19.08 | 159 | 189 | 199 |
14 | 19.08-26.08 | 139 | 179 | 189 |
15 | 26.08-02.09 | 129 | 169 | 179 |
16 | 02.09-09.09 | 119 | 149 | 159 |
17 | 09.09-16.09 | 109 | 139 | 139 |
18 | 16.09-23.09 | 99 | 109 | 119 |
Цените се
изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Цените се дадени по лице со вклучен
превоз, за минимум 2 лица во соба.
ЦЕНАТА НА
АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
*
Автобуски превоз Скопје – Едипсос - Скопје
*
Сместување во Студио 7 ноќи
* Траект
повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа
*
Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за
време на престојот.
ЦЕНАТА НА
АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
*
Задолжително патничко осигурување.
*
Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
*
Турситичка Такса 0,5 центи од ден по соба (се плаќа во објектот)
НАПОМЕНИ:
– Во
соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку
дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со
двајца возрасни
– Поради
генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00
(локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
–
Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
–
Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете
да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата
кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на
средства за разлика во цена.
–
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се
селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на
објектот за сместување.
– Кујните
во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
–
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и
мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во
одморалиштето и самиот регион и други фактори
–
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена
причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз
од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
–
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до
објектот на сместување.
– Секој
патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly
Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој
аранжман важат Општите Услови на Патување
ПОПУСТИ И
ДОПЛАТИ
– За
уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата
за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно
(без седиште);