На само 250 метри од плажата веднаш до Хотел Бабовиќ се наоѓа новоотворениот хотел Анкора Лукс кој располага со модерно опремени соби за 2, 3 или 4 лица. Секоја соба има сопствен тоалет, фрижидер, тв, клима чие користење е вклучено во цената и тераса. Хотелот располага со базен кој е наменет само за своите гости. Исхраната  е во ресторан во склоп на хотелот на база на полупансион и вклучува појадок (шведска маса) и вечера (избор од две јадења). Хотелот располага со сопствен бар на плажа Vela Beach Bar. Хотелот поседува и бесплатен паркинг за своите гости.


 БЕЗ ПЦР ТЕСТ - МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА СО ЛИЧНА КАРТА

ПЕРИОДHB - ПО ЛИЦЕ ДНЕВНО
31.05-20.06.202125 ЕВРА
20.06-30.06.202130 ЕВРА
30.06-29.08.202135 ЕВРА
29.08-08.09.202130 ЕВРА
08.09-28.09.202125 ЕВРА

***минимум 5 ноќевања***


- цената е по лице дневно со појадок и вечера

-        -  еднокреветна соба +50% доплата

-       Попусти за деца ( со двајца возрасни)

-       До 2 год – гратис

-       Од 2 до 12год (без кревет со храна) – 50% попуст

-       Дете до 12год (со кревет и храна) – 30% попуст


Доплата за превоз за Чањ само за 9 ноќевања

-       Возрасни 40 евра

-      Деца до 7год 20 евра

 

Поаѓање за Црна Гора:
Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот

Датуми: 20.06, 29.06, 08.07, 17.07, 26.07, 04.08, 13.08, 22.08, 31.08, 09.09


*Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.                                                                                                                         

НАПОМЕНА

 За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.


Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.


За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките.


ТА Скаут не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.

-          Доплата за туристичка такса и осигурување во хотел 1.5евра дневно по лице ( деца од 2-12год плаќаат 0,5евра, а од 12-18год 1 евро дневно)