ВИКЕНД ВО ЦРНА ГОРА OСТРОГ 


- Будва – Котор  Сутоморе- Бар -

 3 ДЕНА СО  2 НОЌЕВАЊА-АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ СО ВИСОКО ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС И СТРУЧЕН ВОДИЧ

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ЛИЧНА КАРТА

 ПЕТОК - Состанок на групата во 14.00часот паркинг Борис Трајковски и поаѓање за Црна Гора.Се патува  преку Косово и Албанија со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Црна Гора (Сутоморе) во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

 САБОТА -  Во 08.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Оние кои сакаат да останат да ноќеваат во манастирот го враќаме во Сутоморе во недела.

Околу 13 часот се враќаме во Сутоморе од Острог. Слободно попладне или можност за факултативна посета на Котор и Будва. Слободно време за прошетка низ Котор , плоштадот од оружје, Саат кулата, столбот на срамот, катедралата Св Трифун... Потоа продолжуваме кон Будва, слободно време за прошетка низ градот од 2 часа. Враќање во Сутоморе. Ноќевање.

НЕДЕЛА - Во 09.00 часот. Поаѓање од Сутоморе за Свети Стефан-факултативно. Се упатуваме во посета на популарниот парк Милочер и ,,Краљичина палажа,,. Слободно време за уживање во убавините на најпопуларната плажа во Црна Гора. Околу пладне поаѓање за Сутоморе. Пред поаѓањето за Скопје попатна посета на Бар и посета на соборниот храм Св. Јован Владимир. Поаѓање за Скопје околу 15часот. Во Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

цена  2300ден

Во цената е вклучено

-превоз на релација Скопје -Црна Гора -Скопје

-2 ноќевања  во Сутоморе-апартманско сместување   

-посета на Острог, Бар

-организација и реализација на патувањето

Во цената не е вклучено

- посета на Котор и Будва 10 евра

- посета на Милочер 5 евра

- излетничка такса во Црна Гора 1 евро

- туристичка такса во Сутоморе 1 евро дневно по лице

-превоз до Горниот Манастир со комбиња 1 евро во правоз

- патничко-здравствено осигурување

*доплата за 1/1 соба 50% од аранжманот

* 20% попуст за деца до 12години 

За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници.

За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут - Скопје.


НАПОМЕНА

  • ТА Скаут го задржува правото на промена на редоследот во програмата
  • Должината на слободното време зависи од објективни причини, агенцијата не учествува во организирање на слободното време на патниците