Будимпешта  и Братислава

08.12.2021 11.12.2021

(4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

 

 

1 Ден (08.12.2021) | СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА            
Состанок со групата во Скопјe. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден (09.12.2021) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта крстарење со брод по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.

3 Ден (10.12.2021) | БУДИМПЕШТА - БРАТИСЛАВА

Појадок. По појадокот одиме на факултативна посета на Братислава. Разглед на градот: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки.Посета на познатиот трговски центар EUROVEA. Во договорено време враќање во Будимпешта. Ноќевање.

4 Ден (11.12.2021) | БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и се упатуваме на прошетка до живописното гратче Сент Андреа (факултативно), во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање назад во Будимпешта. За љубителите на животинскиот свет можност за посета на Тропикариум (http://www.tropicarium.hu). Слободно време за индивидуални активности. По договор со представникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  115 € 

Во цената на аранжманотe вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во хоте 3*, во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок;
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич - 10 евра;
  • Крстарење со брод по Дунав - 15 евра;
  • Посета на Братислава и трговски Еуровеа - 25 евра (минимум 30 патници);
  • Посета на Сент Андреа - 15 евра:
  • Посета на Тропикариум - 15 евра;
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба.

 

Протокол за влез во Р.УНГАРИЈА & АВСТРИЈА :

-          Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Унгарија

-          Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Унгарија

-          GREEN PASS (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители : Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca & SINOPHARM – за двете земји;)

-          СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Р.Унгарија)

 

Општи напомени:

·         Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС и ТА Скаут

·         Резервација се прави со уплата на 50% од вкупниот износ на аранжманот;

·         Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

·         Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;

·         За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;

·         За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

·         Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

·         Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

·         Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

·         За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;

·         Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

·         Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А.АтлантиС