ВИЕНА – Божиќен базар

08.1211.12.2021

1 ден (08.12.2021 - среда) | МАКЕДОНИЈА - ВИЕНА

Состанок на групата во Струмица во 12:30 часот, со попатно земање на патниците од Радовиш, Штип и Велес. Пристигнување и тргнување од Скопје во 15:30 часот и поаѓање за Виена. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден (09.12.2021 - четврток) | ВИЕНА – ШОПИНГ ЦЕНТАР PARNDORF - ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД

Во претпладневните часови организирана посета на шопинг центар Parndorf.Слободно време за шопинг. Пристигнување во Виена.  Панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Попладне трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки низ центарот. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден (10.12.2021 - петок) | ШЕНБРУН - ГРИЦЛИНГ

Појадок. Трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водичворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, и истиот е изграден во далечната 1700 година. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. После посетата на палатата се продолжува кон посета на дворот на палатата и летната резиденција.Предлог Тргнување кон еден од најголемите трговски центри во Европа –  Сити суд http://www.scs.at , каде ќе имате можност за шопинг и слободно време за ручек или кафе. Враќање во хотел. Факултативна посета на традиционален австриски ресторан - ГрицлингНоќевање.

4 ден (11.12.2021 - сабота) | - ДУНАВСКА КУЛА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот факлутативна посета на Дунавската Кула, која е изградена во 1964 година и висока е 252 метри и од неа се има поглед на цела Виена. Се враќаме во центарот на Виена... слободно време за индивидуални прошетки и активности. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија следниот ден во претпладневните часови.

 ЦЕНА - 145

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Виена на база на 2 ноќевања со појадок,
  • Професионален туристички водич од агенцијата за време на целото патување
  • Организација и реализација на програмата


* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален туристички водич - 15
  • Влезница, локален водич и превоз за дворецот Шенбрун - 35
  • Факултативна посета натрадиционален австриски ресторан - Грицлинг
  • Посета на Дунавска Кула (влезница, туристички водич од агенцијата) - 20
  • Патничко осигурување

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС и ТА Скаут
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

 ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

 

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ / ВИЕНА

Дворецот ШЕНБРУН

Дворецот Шенбрун е еден од најважните културни споменици во Австрија и е една од најголемите туристички атракции во Виена. Палатата и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на Хабсбуршката династија.

Со Империјал турата се посетува внатрешноста на палатата. Турата трае 35 минути и се посетуваат 22 соби. Се посетуваат собите на императорот Франц Јозеф и неговата сопруга Елизабет и останатите прекрасни соби украсени во рококо стил. Со оваа тура може да се доживее луксузниот сјај на Големата галерија, ориенталниот шарм на кинеските кабинети, како и зачудувачки скромниот стил на декорација во приватниот апартман на императорот Франц Јосиф.

Денес Шенбрун е посетуван од повеќе од 5 милиони туристи годишно.

Дворецот БЕЛВЕДЕРЕ

Белведере е името на комлексот барокни палати во Виена, подигнати од австрискиот принц Еуген Савојски во третата област на Виена која се вика Ландштрасе. Комплексот се наоѓа југоисточно од стариот градски центар, а во соседство им е палатата Шварценберг. Палатите Горен Белведере и Долен Белведере, со придружниот парк, го формираат едно од најубавите места на светот. На оваа факултатива се посетува само Горниот Белведере. Планот за изгрдба на Горниот Белведере во сегашна форма е земена од првичната идеја од изградбата на Gloriette (видиковецот од дворецот Шенбрун) - ‘‘прекрасен поглед на градот‘‘. Денес комплексот Белведере е претворен во музеј во која работи Австриската галерија Белведере. Во галеријата се наоѓаат уметнички дела на многу познати уметници, но најпосетена е познатата слика Бакнеж - Der Kuss од Густав Климт.

БАДЕН - Виенските шуми

Факултативата трае околу 4 часа. Најнапред се посетува Seegrotte - разглед на некогашниот рудник и поранешната фабрика за авиони на Хитлер кои се наоѓаат на првото ниво. На второто ниво се наоѓа подземно езеро. Во факултативата е вклучена и прошетка низ езерото со чамец. ‘‘Големото езеро‘‘ се наоѓа на 60 метри подземна надморска височина и е познато како најголемото подземно езеро во Европа. Површината на водата е околу 6.200 м² и просечна длабочина од 1,20 метри. Најдлабоката точка на езерото е 12 метри. Езерото се полни од 7 извори, но не може природно да се исцеди, затоа е потребно секоја вечер да се испумпува за да одржи нивото на водата. По разгледот на Seegrotte се заминува за Heiligenkreuz. Heiligenkreuz  е прекрасен Цистериански манастир во близина на Виена. Heiligenkreuz е втор најстар Цистериански манастир во светот и исто така се води како најстар населен манастир. Манастирот во септември 2007 е благословен со официјална посета на Папата Бенедикт XVI. За време на посетата на манасторот има можност за кафе пауза во локалниот црковен ресторан, каде што исто така може да се проба манастирска супа и домашно манастирско вино. Од таму се заминува на посета на живописното градче Баден кое се наоѓа на подножјето на Виенските шуми. Попатно има прекрасен поглед на Виенските виногради. Баден е познат по тоа што во минатото бил многу познат бански центар каде што Автриската аристократија го поминувала своето слободно време. Денес сите хотели што се во Баден располагаат со СПА центри во кои има термална вода. Во Баден исто така се наоѓа и Grand Casino Baden. Културата од секогаш се негувала во Баден. Познатите композитори Моцарт и Бетовен доаѓале во овој град за да добијат инспирација и да ги напишат своите најголеми дела. Јохан Штраус постојано имал концерти во Баденскиот спа парк. По разгледот на градот се дава слободно време за да можат патниците да уживаат во овој навистина прекрасен град.

Традиционален ресторан - GRINZLING

Heurige е старо име за ‘‘младо вино‘‘, а денес е останато како име за Виенските кафани. Таму сеуште може да се осети атмосферата на старите времиња, каде што секоја куќа имала сој виноград и продавала сопстевно вино во својата кафана. Кафаните се преубави и живописни, во сопственост на неколку генерации на исто семејство. Можат да се пробаат најдобрите Виенски специјалитети и секако одлично вино. Познати се две сорти на вино Grüner Veltliner за бело и Zweiglt за црно. Во секоја кафана исто така се нуди и домашна варијанта на тие сорти. Музиката е составен дел на целата приказна, а музичарите снаат барем по некоја строфа од по некоја песна од секоја држава. Grinzing е познат како боемска четврт каде што се една до друга нанижени heurige, односно кафаните и ако сакате да ја осетите атмосферата на австриската кафанска забава -  Grinzing е встинското место за тоа !

Дунавска кула - Дунавската кула е еден од симболите на Виена и претставува идеално место да се види Виена од терасата, која е на висина од 150 метри. Во рамките на кулата има ресторан и кафетерија, кои се полни со туристи.

Виена разглед со локален водич - Панорамскиот разглед на градот каде што се гледаат најголемите знаменитости на Виена: Белведере, Пратерот со неговото панорамски тркало, новиот дел на Виена каде што се наоѓа канцеларијата на Обединетите Нации, Дунавската кула, Ринг булеварот со Операта, споменикот на Гете, споменикот на Моцарт, споменикот на Штраус, Парламентот,  Rathaus собранието...Се симнуваме на плоштадот на Марија Терезија од каде што го започнуваме пешачкиот разглед на градот.