ПРАГА

03.12.2021 07.12.2021

(5 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

 

1 ден (02.12.2021 - четврток) Скопје- Србија - Унгарија – Словачка

Состанок во Скопје во пладневните часови. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. 

2 ден (03.12.2021 - петок) Прага

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3 ден (04.12.2021 - сабота) Прага- Дрезден - Крстарење по Влтава - Прага

Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден. Во Дрезден со локален водич ќе ги видете следниве атракции: Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј. Враќање од Дрезден кон Прага. Вечерта можност за Крстарење по Влтава (факултативно), ќе имате можност да ги видете прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Ноќевање.

4 ден (05.12.2021 - недела) Прага - Карлови Вари - Прага

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари - најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање во хотел. Можност за факултативна организација на вечера во национален ресторан - пивница. Ноќевање. 

5 ден (06.12.2021 - понеделник) Прага - Виена - Унгарија

Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во 08:00 часот наутро. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности. Пристигнување во Македонија следниот ден, во утринските часови

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 119 ЕВРА  до 15.11.21

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 139 ЕВРА  

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* во Прага - 3 ноќевања со појадок;
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето;
  • Разглед на Виена;
  • Организација и реализација на патувањето.

 

Во цената на аражманот не е вклучено:

  • Панорамски разглед на Прага со локален водич - 10 €;
  • Крстарење по Влтава - 15€;
  • Целодневна посета на Карлови Вари со професионален туристички водич од агенцијата - 25€;
  • Патничко осигурување;
  • Влезници во објекти.


Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС и ТА Скаут
  • Резервација се прави со уплата на 50% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЧЕШКА

1.     Сите патници, пред патување во Чешка, мора да пополнат формулар за пристигнување (на следниов линк: https://plf.uzis.cz/), а отпечатена верзија од пополнетиот формулар мора да се стави на увид при граничната контрола по барање од службеното лице;

2.     Патниците кои се имунизирани се должни да го презентираат сертификатот / потврдата за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози вакцина против заразната болест COVID-19 – од вакцините што се признати од Европската агенција за медицина (ЕМА);

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.