Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа  и ги нуди следниве капацитети:

ВИЛА БОГОЕВИЌ - Сутоморе

ВИЛА БОГОЕВИЌ располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите на првиот и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има еден тоалет. Овие соби немаат клима и фрижидер. ( цените со* ). На третиот кат дел од собите имаат сопствено купатило, клима и фрижидер. Kористење на клима уредот е вклучен во цената во оние соби во кои има клима.



цените обележани со * се за собите со заедничко купатило, без клима и фрижидер
114.06-23.06155*170
223.06-02.07165*190
302.07-11.07185*200
411.07-20.07195*210
520.07-29.07195*210
629.07-07.08195*210
707.08-16.08195*210
816.08-25.08185*220
925.08-03.09165*190
1003.09-12.09155*170

   * Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

  (9 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз).


- Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот

- Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра) за сместување во 1/3 соба

- Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во ¼ соба

-Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст

- Дете до  5 год. кое не користи кревет - ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ).

 

* Намалување за патување со сопствен превоз - 10 евра.

* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место

Попустот важи за сместување со две возрасни лица

 

Поаѓање за Црна Гора:

Скопје ( паркингот кај Борис Трајковски ) – 05.00 часот

-          Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.

-          Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.

-          Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

-          Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

 

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.   

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

 

  

НАПОМЕНА:

 

  •           За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
  •          Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  •         Секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
  •           Сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  •           За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  •          Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
  •           За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките.
  •           ТА Скаут не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  •          При промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
  •           За резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплатА ДО 01.04.2022
  •          Можност за користење на неискористените ваучери од лето 2020
  •           За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  •           Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  •         Во случај на отказ на резервација уплатена со ковид ваучер, на патникот ќе му се издаде нов ваучер со намалени отказни пенали.
  •          Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава нов вредносен ваучер.