БУДВА НОВА 2022 ГОДИНА   СО СКАУТ НА НАЈГОЛЕМАТА НОВОГОДИШНА БАЛКАНСКА ЗАБАВА ВО БУДВА ....НАЈНИСКА ЦЕНА ЗА НАЈДОБАР ПОЧЕТОК НА НОВАТА 2022 ГОДИНА.  

СУТОМОРЕ , КОТОР , ТИВАТ , БУДВА

30.12.2021-02.01.2022

3 дена /2 ноќевања

30.12.2021 (четврток)- Состанок на групата во Скопје во 22:30 часот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Црна Гора. Се патува  преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сутоморе во раните утрински часови.Сместување.

31.12.2021 (петок ) – Во 12 часот заминуваме за Будва  (предвидено време за прошетка 3 часа). Попладне враќање во Сутоморе.Околу 20.00 часот повторно поаѓање за Будва. Дочек на новата 2022та година на градскиот плоштад со легендарниот Џибони. По завршување на концертот во договореното време враќање во Сутоморе. Ноќевање.  

01.01.2022 (сабота) – Ден предвиден за факултативен излет во Тиват-Порто Монтенегро и Котор (предвидено време за прошетка по околу 2.30часа). Враќање во Сутоморе во попладневните часови. Околу 20.00 часот поаѓање за Будва.На градскиот плоштад во Будва пред ѕидините на стариот град концерт ќе оддржи балканската ѕвезда Лепа Брена.По завршувањето на концертот во договреното време враќање во Сутоморе.Ноќевање

 02.01.2022 (недела) Околу пладне одјавување од апартманите во Сутоморе и поаѓање за Македонија.Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи и цанрински формалности.Пристигнување во вечерните часови.

 

           ЦЕНА 2990 денари

 

 ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

-превоз на наведената релација

-2 ноќевања во Сутоморе (приватно сместување вила Скаут,Скаут 1, и Екслузив)

-организација и реализација на патувањето

- претставник од агенција за време на целото патување

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

-факултативна посета на Тиват-Порто Монтенегро и Котор 15 евра

- туристичка такса 1 евро од ден ( задолжителна доплата )

- патничко -здравствено осигурување

-индивидуални трошоци

 

Патувањето може да биде само со лична карта !!!

Трансфер од Струмица, Радoвиш, Штип, Битола, Прилеп, Кавадрци, Неготино(Росоман кај бензинската пумпа), Велес кој се доплаќа 10 ерва по лице.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

*Доплата за еднокреветна соба 30%

*Попуст за деца до 10 години 30%

 

НАПОМЕНА

  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките на водичот.
  • Доколку дојде до откажување на аранжманот од ТА Скаут – парите се враќаат, а доколку патникот сака да го откаже патувањето тоа ќе биде согласно условите за патување
  • ТА Скаут го задржува правото на промена на редоследот во програмата
  • Должината на слободното време зависи од објективни причини, агенцијата не учествува во организирање на слободното време на патниците
  • Согласно последно донесените протоколи за влез во нашата држава кои стапуваат на сила од 01-ви Септември (Службен весник 18.08.2021), Ве информираме дека за сите лица кои влегуваат и излегуваат во државата (домашни и странски) важат нови правила според кои секој патник мора задолжително да приложи:
  • Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот
    • SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
    • Сертификат / потврда за прележан COVID-19 во последните 45 денасметајќи од денот на оздравувањето;
    • Медицинска потврда со негативен резултат од RTPCR SARS-CoV-2 тестнаправен во рок од најмногу 72 часа пред влез/излез во нашата држава;


За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници.

За ова патување важат општите услови за патување на ТА СКАУТ.