11 октомври - МАКЕДОНИЈА

2 ноќевања со појадок/ превоз/ екскурзии

 Св.Јован Бигорски – Рајчица – Вевчани – Охрид – Струга

 

10.10.2020 (Сабота) Состанок на групата во 06.00 часот паркинг Борис Трајковски. Поаѓање во 06.30 часот кон славното манастирски комплекс Св. Јован Бигорски. Манастирот се наоѓа на надморска височина од 740 метри. Положен е во впечатливите варовни карпи на кањонската долина на реката Радика, во прегратките на бујните шуми всадени на северозападните падини на планината Бистра. Слободно време за разглед на Манастирскиот комплекс  Продолжуваме Манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица . Разглед на манастирскиот комплекс во кој се изработуваат митри. Од таму патувањето го продолжуваме кон Вевчани каде ги посетуваме познатите вевчански извори. Преубава природа која се наоѓа на 900м надморска височина. Пешачка прошетка по градските улички  со  традиционалната архитектура, Можност за ручек во ресторан во Вевлани (факултативни) По разгледот во попладневните часови се упатуваме кон Охрид, сместување во апартмани во центарот на градот.  Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта препорачуваме прошетка по кејот на Охридското езеро. Ноќевање.

11.10.2020  (Недела) Појадок. Се упатуваме кон Манастирот Свети Наум, кој се наоѓа на околу 29 км од Охрид . Опкружен со божествена природа, помеѓу бескрајното синило на езерото и високиот планински масив на Галичица,  стои како сведок на средновековието и зрачи со убавина, култура, историја и традиција. Најубавиот дел од комплексот е прекрасната црква од камен и тули со форма на впишан крст. Слободно време за посета на црквата и уживање во убавините на езерото  . Потоа се упатуваме назад кон Охрид. Слободно време за одмор и индивидуални активности и прошетка низ стариод дел на градот…
црквата Св.Софија, Св.Јован Канео, Плаошник, Античкиот театар, Самоиловата тврдина... Ноќевање.

12.10.2020 (Понеделник) Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Струга.. Слободно време за прошетка покрај Црн Дрим во центарот на гратод. Потоа се упатуваме кон селото Радожда.
На самиот влез во селото во високите карпи се наоѓа малата пештерска црква Св.Архангел Михаил во која се откриени фрески од 14век. Во Радожда ќе направиме кратка пауза за ручек пред поаѓањето за Скопје. Овде може да пробате највкуна и најефтина охридска пастрмка, белвица или крап во некој од рестораните покрај самото езеро. Попладне поаѓање за Скопје. Пристигнување во вечерните часови.


ЦЕНА

3000 мкд (за сместување во апартмани без појадок)

3300мкд ( за сместување во хотел Сити инн со појадок)

3700 мкд (за смесатување во хотел Вила Арте со појадок)

4200 МКД (сместување во хотел со појадок Дипломат Плус, Климетица, Аура)

 

Цената ги вклучува следниве услуги:

·         Превоз со автобус на дадената релација

·         Професионален туристички пратител за време на патувањето

·         2 ноќевања  со појадок во хотел/ апартмани без појадок

·         Сите разгледи во програмата


Цената не ги вклучува следниве услуги:

·         Индивидуални трошоци

·         Влезници во објектите и цркви

·         Ручек во Вевчани

·          

·         За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 35 патници.

·         За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје

·          

·         За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

·         Се патува со 75% исполнетост на автобусот.

·         За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките на водичот.