БУДВА - НОВА ГОДИНА 2024
Будва - Дубровник – Котор –Портомонтенегро
- Сутоморе
29.12.2023 - 01.01.2024
29.12.2023 петок
Состанок на групата во Скопје во 21:00 часот кај с.ц. Борис Трајковски. Поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности. (Оние кои ќе поаѓаат од другите градови дополнително ќе бидат известени за време и место на поаѓање)
30.12 2023 сабота (ДУБРОВНИК – БУДВА)
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Сместување во Сутоморе. Малку одмор од патувањето и заминуваме на факултативна прошетка до атрактивниот Дубровник. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах..разглед на градот со локален водич...попладне се враќаме во Црна Гора. Во вечерните часови заминуваме на плоштадот во Будва. Забава на плоштад или во некое локално кафуле или ресторан .Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
31.12.2023 недела (КОТОР-ТИВАТ, ПОРТОМОНТЕНЕГРО)
Во предпладневните часови препорачуваме факултаивна прошетка до Котор – еден од наијубавите градови под заштита на Унеско, сместен во Бокакоторскиот залив. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифу, Црквата Св.Никола...во договорено време се упатуваме кон најубавото пристаниште во Тиват, Портомонтенегро. Слободно време за прошетка и загревање пред најлудата ноќ. Враќање во Сутоморе слободно попладне.
Вечерта дочек на новата 2024 година на плоштадот во БАР со Лепа Брена. Или до доплата од 10 евра на некој од плоштадите во Будва (наскоро програма), Котор (забава со Северина) или Тиват (забава со Харис Џинович). Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање
01.01.2024 понеделник (БАР – СКОПЈЕ)
Слободно предпладне до 12часот кога е предвидено поаѓање за Македонија, попатно ќе правиме пауза за прошетка низ Бар. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА: 4500 денари
ВО
ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
-превоз на наведената релација
-2 ноќевања во
Сутоморе (приватно сместување вила
Ексклузив, Скаут и Скаут 1)
-организација и реализација на патувањето
- претставник од агенција за време на целото патување
ВО
ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
-факултативна посета на Котор
и Тиват 10 евра
-факултативна посета на Дубровник 30 евра
- патничко -здравствено осигурување
-индивидуални трошоци
Трансфер од Битола, Прилеп, Кавадрци, Неготино(Росоман кај бензинската пумпа), Велес кој се доплаќа 10 ерва по лице.
ПОПУСТИ
И ДОПЛАТИ
*Доплата за еднокреветна соба 50%
*Попуст за деца до 10 години 30%
За реализација на ова патување потребен е минимум од 40
патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА СКАУТ.
Организаторот на
патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За
факултативните излети се потребни 25 патници.
Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна
Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои
доаѓаат на факултатива во Хрватска)