ПРАГА
- 8.Март
ПРОГРАМА НА
ПАТУВАЊЕТО:
09.март (четврток) СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во
10:35 часот. Полетување за Прага во 12:35 ч. Пристигнување на летот во Прага во
16:00 часот. Трансфер до хотелот. Слободно попладне. Ноќевање.
10.март (петок) ПРАГА
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со
локален водич. Разглед на Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките
витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската
улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа,
Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на
Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот
Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица... Слободно попладне или можност
за факултативно крстарење со брод по реката Влтава. Ноќевање.
11.март (сабота) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки
или факултативен излет до Карлови Вари - најпознат бањски центар во Чешка,
популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от
век. Можност за посета на еден од 12-те извори... прошетка покрај
неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите се
локалните производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка.
Попладнето, враќање во Прага. Навечер, факулатативна вечера во пивница или
национален ресторан. Ноќевање.
12.март (недела) ПРАГА - КАРЛШТЕЈН
Појадок. Одјавување од собите. Слободен ден за
индивидуални прошетки или факултативен излет до дворецот Карлштејн -
некогашната резиденција на кралот Карло четврти, изграден во 14 век. Враќање во
Прага во попладневните часови. Слободно време. Трансфер до аеродромот во Прага
во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:40 ч. Пристигнување после полноќ во 00:10 часот.
Цена на аранжманот во
претпродажба: 379 € (23.498,00 мкд) за уплати до 14.01.2023
Редовна цена на
аранжманот: 429 € (26.598,00 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Прага –
Скопје
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
- Трансфери во Прага: аеродром - хотел -
аеродром
- Сместување во хотел *** , на база 3 ноќевања
со појадок
- Организиран пешачки панорамски разглед на
Прага
- Организација и реализација, придружник на
патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Карти за јавен превоз (метро, автобус...)
- Факултативни излети и посети:
* Карлштејн, со вклучена влезница (50€)
* Карлови Вари (55€)
* Крстарење по В’лтава (25€)
* Вечер во пивница или национален ресторан
- Влезници за музеите и културно - историските
споменици
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е
минимум од 20 патници
- За реализаци на факултативните излети потребен
е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за
патување на ТА СКАУТ