Soko Banja Mart 2023

Програма на патувањето:

1.Ден 03.03.2023 / 10.03.2023 (Петок) СКОПЈЕ – СОКО БАЊА

Состанок на групата во 05.30 часот рано наутро на паркингот кај Хотел Вип спроти East Gate Mall. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне. Традиционален коктел за добредојде и сместување. Ручек. Краток одмор од патувањето и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Соко Бања со локален водич: Mилошевиот Конак, Tурското купатило, црквата Св. Преображение… Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 04.03.2023 / 11.03.2023 (Сабота) СОКО БАЊА

Појадок. Заминување на организирана претпладневна прошетка со локален водич до излетничкото место Лептерија и стариот Соко Град. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, свечена 8мо мартовска вечера со жива музика и богато мени и вклучени домашни пијалоци. Ноќевање.

3.Ден 05.03.2023 / 12.03.2023 (Недела) СОКО БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Заминување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена за резервации до 31.01.20232 - 129€/7.998ден

Цена на аранжманот - 139€/8.618ден

Цена по лице за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со автобус на наведената релација

– Сместување во хотел Бањица 3* во Соко Бања во 1/2и 1/3 соби на база 2 ноќевања

– Исхрана на база полн пансион шведска маса за појадок, ручек и вечера сет мени

– Свечена 8мо мартовска вечера со жива музика и неограичени локални пијалоци 

– Организирани разгледи со локален водич до центарот на Соко Бања, Лептерија и Сокоград

– Користење на базен – џакузи на хотелот со термо минерална вода

– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

– Туристичка такса 


Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување 

– Индивидуални трошоци

Попусти: 

-           Трето возрасно лице во соба добива 10€ попуст од цената на аранжманот. 

-           Намалување за сопствен превоз -10€ по лице. 

НАПОМЕНИ:

-           За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

-           За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  

-           Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

-           Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 

-           Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.

-           Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 

-           Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 

-           Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата. 

-           За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Ваикики Травел.