1 МАЈ

Хотел Хлиди – Кокино Неро, Грција

  01.05 - 03.05.2020

3 дена / 2 ноќевања со појадок, вечера и превоз 

Koкино Неро е мало приморско место, кое изгледа како традиционално грчко место пресликано во убавото зеленило во подножјето на планината Оса. Во непосредна близина на клисурата Темпи, на 140км од Солун, 36 км од Неи Пори. Oд Скопје на 335 км
Кокино Неро (црвена вода) името го добива по термалните извори чија вода е богата со минерални соли. Лековитите својства на водата се познати одсекогаш, и затоа ова место е познато и по бањскиот туризам..

 01.05.2020 петок

Состанок на групата во 04.00 часот од паркингот кај  Дрво декор и поаѓање за Грција. Во утринските часови пристигнување во Космос во Солун. Oколу пладне поаѓање кон Кокино Неро. Сместување во хотел Хлиди. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.

02.05.2020 сабота

Појадок. Одиме да ги почуствуваме благодетите на базените со лековита вода и кал во Кокино Неро. Во договорено време се враќаме во хотелот. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.

03.05.2020 недела

Појадок. Oдјавување од хотелот. Факултативна посета на Метеори . Пристигнување во Каламбака и посета на најголемата фабрика за икони и ретка можност да се види изработка на икони. Разгледување на импресивната природа и манастирите изградени на карпите – наречени метеори, кои настанеле пред околу 60 милиони години. Слободно време за влез и посета на еден од манастирите. Попладне поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.

ЦЕНА  90 евра

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

·         2 ноќевања во појадок и вечера во хотел Хлиди, Кокино Неро

·         превоз на наведената релација

·         посета на трговскиот Космос во Солун и Метеори

·         пратител за време на целото патување

·         организација и реализација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

·         посета на Метеори 10 евра

·         индивидуални трошоци

·         влезници за културно-историските споменици

·         патничко осигурување 

Напомена:

Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата .

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  •  Агенцијата го прави распоредот на седење според периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.

За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници.

 

За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје