24 Мај

МАНАСТИР ОСТРОГ - ЦРНА ГОРА

СУТОМОРЕ – ПЕРАСТ – КОТОР –БУДВА - ДУБРОВНИК  

  22.05-25.05.2020

4 дена / 3 ноќевања 


22.05.2020 петок

Состанок на групата во 14.00 часот од паркингот кај спортската сала Борис Трајковски ( А1 АРЕНА)  и поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи. Пристигнување во Сутоморе во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

23.05.2020 сабота

Слободно предпладне. Во 10.00 часот поаѓање за Пераст. (факултативно) Пераст е мал град кој се наоѓа помеѓи Рисанскиот и Бокакоторскиот залив. Пераст со сигурност е една од најатрактивните дестинации во Бокакоторскиот залив. Овој мал стар град е специфичен по многу нешта. Низ историјата ова место многумина сакале да го освојат од Византиското царство па до австриијците и секој од нив оставил свој белег во градот. Денес Пераст е една од најлуксузните дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви, а секако главна атракција е островот Госпа од Шкрпеља. Со брод заминуваме кон ова мало островче. Легендата вели дека морнари во 14 век пронашле на карпа во морето икона на Богородица со дете во раце и по секоја успешна пловидба фрлале камења во морето и така се создал овој остров. На островот се наоѓа црква која содржи огромен број на уметнички дела како и иконата на Госпа од Шкрпеља. Но, она што најмногу го привлекува вниманието на посетителите е непбичната таписерија која ја изработувала Јаница Куниќ цели 25 години колку што го чекала својот сопруг да се врати од пловидба. Во таписеријата се наоѓаат вткаени прамени од нејзината коса. Потоа со брод се враќаме во Пераст, пред поаѓањето за Котор слободно време од 1 час.

Продолжуваме кон Котор, град под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифу, Црквата Св.Никола....Попладне посета на Будва, слободно време за индивидуална прошетка низ стариот град. Вечерта факултативно вечера во најстариот ресторан во Будва.  ( Котор, Будва – слободно време за индивидуални прошетки по околу 2,5 часа ) Враќање во Сутоморе. Ноќевање.

24.05.2020 недела

Состанок на групата во 09.00 часот и поаѓање за Дубровник. (факултативно). Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за индивидуална прошетка. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.

25.05.2020 понеделник

Поаѓање за Острошки манастир во 09.00 часот.Посета на манастирскиот комплес кој датира од 17 век и поклонување пред моштите на Св.Василие.Потоа се упатуваме кон Подгорица и правиме пауза од 2 часа во Delta City.Попладне поаѓање за Македонија.Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА 3.500 ден

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

·         3 ноќевања во Сутоморе

·         превоз со високо туристички автобус на наведената релација

·         посета на Острог, Подгорица, Сутоморе,

·         пратител за време на целото патување

·         организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

·         факултативна вечера во Будва (15 евра)

·         превоз од Долниот до Горниот Манастир во Острој (со комбиња од манастирот)

·         излетничка такса на Острог во висина од 1 евро

·         Посета на Дубровник (превоз и разглед со локален водич) – 15 евра

·         Посета на Перас, Котор и Будва (билет за брод и посета на Госпа од Шкпеља) – 15 евра

·         влезници за културно-историските споменици

·         патничко осигурување

 

Ø  доплата за 1/1 соба 30% од аранжманот

Ø  деца до 12 години плаќаат 2500 денари

Ø  доплата за вила Ексклузив 500 денари

 

Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата .

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  •  Агенцијата го прави распоредот на седење според периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.

За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје