8-ми Март МИЛАНО

МИЛАНО-КОМО -ВЕРОНА-СИРМИОНЕ


Прв ден 06.03.2020 – петок Скопје – Милано

Состанок на групата на Дрводекор во 11.00 часот. Поаѓање за Италија со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

Втор ден 07.03.2020 – сабота ( Милано)

Пристигнување во Милано и разглед на градот со локален водич...замокот Сфорца, плоштадот и катедралата Дуомо, Операта, галеријата Виторио Емануеле.. сместување во хотел во вечерните часови.

Трет ден 08.03.2020 – недела ( Милано-Лугано-Комо)

Појадок. Факулттивен целодневен излет за Лугано и Комо. Пристигнување во Лугано- Швајцарско Монте Карло, прошетка низ градот кој е претворен во пешачка зона, плоштадите Piazza Ciochara, Piazza Della Reforma,  Катедралата San Lorenco, големиот градски парк. Продолжување на патувањето кон Комо. Прошетка на брегот на истоименото езеро. Едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Околу езерото, светскиот џет-сет ги има своите луксузни вили, каде го поминува својот одмор. Тука се симени и некои од поуспешни филмиските остварувања. Во попладневните часови враќање во Милано. Ноќевање.

Четврти ден 09.03.2020 – понеделник (Милано-Верона-Сирмионе – Скопје)

Појадок. Заминување за Верона – градот на вљубените ( факултативно). Разглед на градот: посет на куќата и гробот на Јулија, полоштадите Бра и Ебре, Минхенска фонтана, Амфитеатарот.. слободно време за прошетка низ Верона. Заминување за Сирмионе, едно од малите места со убава локација на езерото Lago di Grada, градче со богата историја… Поаѓање за Скопје попладне ( ноќно возење). Пристигнување во Скопје на 10.03.2020

Цена 159 евра

 

Во цената е вклучено:

*Автобуски превоз на наведената релација

*2нп ( ноќевање со појадок) во хотел во Милано или околина

*Разглед на Милано со локален водич

*Лиценциран пратител и организација на аражманот

 

Во цената не е вклучено :

*Факултативен излет Лугано и Комо 30 евра ( минимален број од 25 патници )

*Задолжителна факултативна посета Верона 10евра

*Патничко осигурување

 

·         Т.А Скаут го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

·          За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

·          Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. 

 

      Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

 ННАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  •  Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)