БЕЧИЧИ е познато летувалиште кое се наоѓа на 4км од центарот на Будва. Карактеристично по неговата долга и широка песочна плажа од скоро 2км. Бечичи е центарот на туризмот и во овој дел се наоѓаат најголемите луксузно хотели, има огромен број на ресторани и кафулиња. Шеталиштето во Бечичи ќе ве однесе директно во Стариот град во Будва.

 

ВИЛА ПАЛМА - Бечичи

ВИЛА ПАЛМА се наоѓа на 250м од плажа во непосредна близина на хотелот Бела Виста.

Вилата располага со ½ и 1/3 соби како и  1/3 и ¼ студија. Студијата се со  комплетно опремена кујна, сопствено купатило, клима, тв, тераса. Собите се со сопствено купатило, клима, тв, фрижидер, тераса. Во вилата се наоѓа и ресторанот Палма каде гостите од вилата имаат појадок и вечера. Исхраната е континентална (избор од неколку јадења). Појадокот е од 07-10часот, а вечерата од 17 до 20часот. Вилата нема сопствен паркинг.

-            20% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.02.2020

-          15% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.03.2020

-          10% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.04.2020

 




   * Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

 (9 пoлу пансиони со вклучен превоз).

- Прво дете   до 12 год. ПОПУСТ   од 50 % од цената на аранжманот.

- Второ  дете до 12 год. - ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра/не користи кревет).

Попустот важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)


- попуст за трето возрасно лица и дете над 12год - 20% попуст



-Попуст за трето возрасно лице и дете над 12год – 20% попуст

- Дете до  5 год. кое не користи кревет и храна- ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра )

Ако сака храна за истата се доплаќа 50евра.

* Намалување за патување со сопствен превоз - 20 евра.

* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.

* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

 

          - За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%

         - попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата

         - доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата