Истанбул, единствениот град на два континенти!  Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од неофицијално над 20 милиони жители.

Прв ден – 05.03.2020 (четврток)
Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 06.03.2020 (петок)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.
Аја Софија ( влезница 20 eвра)
Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
Топкапи палатата ( влезница 20 евра)
Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледите, групата има слободно време за индивидуални активности и самостојно се враќа во хотелот.

Во вечерните часови препорачуваме  ноќен Истанбул. Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула.Враќање во хотел, ноќевање.

Трет ден – 07.03.2020 (сабота)

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.
По оваа факултатива, следува прекрасното крстарење по Босфорот. Незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. 
Веднаш потоа се упатуваме кон Долмабахче палатата.
Долмабахче палата – Турскиот ВерсајПрвата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

Вечерта можност за специјална осмомартовска свечена вечера на Босфорот со одлична програма. Танци, традиционална програма, танчерки, одлична забава, вечера и неограничен алкохол, сето тоа на брод кој ќе крстари по водите на Босфорот кој навечер има уште поубава магија.

Четврт ден – 08.03.2020 (недела)

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата, се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум (влезница е 15 евра )Планирано тргнување за Македонија некаде околу 15:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМО ЦЕНА 79евра  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Две ноќевања во хотел 3* со појадок 
• Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
• Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
• туристички пратител за време на престојот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

• задолжително патничко осигурување 
• факултативните излети и влезници за локалитетите:

• Аја Софија со лиценциран водич  – 20 евра
• Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра
• панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – 15 евра
• крстарење по Босфорот – 20 евра
• Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 евра
• Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси – 25 евра
• Свечена осмомартовска вечера со шоу програм и крстарење по Босфорот – 40 евра

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 75 евра (редовна цена 85евра)
• Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
• Крстарење по Босфорот
• Долмабахче палатата
• Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси

PREMIUM – 110 евра  (редовна цена 125евра)

• Аја Софија
• Топкапи
• Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
• Крстарење по Босфорот
• Долмабахче палатата
• Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси

Редовна цена на аранжманот доколку патникот не оди на факултативи е 99 евра !!!

Задолжителна пријава на излетите во агенција пред поаѓање !!!

ИНФОРМАЦИИ:

• За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

• Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
• Деца од 3 до 10 години за first minute плаќаат 50 евра
• Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

• Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата.
Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. 
Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. 
Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
ТА Скаут не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Со оваа програма важат Општите услови на ТА СКАУТ - СКОПЈЕ.