06.03.2020-08.03.2020
3 дена/2 ноќевања
06.03.2020 Петок
Состанок на групата во 14 часот од Спортскиот центар „Борис Тракјковски“ и поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Црна Гора (Сутоморе) во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

07.03.2020 Сабота
Слободно претпладне. Во 10:00 часот поаѓање за Котор,град кој е под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови лоциран во Бокакоторскиот залив. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифун, Црквата Св.Никола...Попладне продолжуваме кон Будва бисер на Јадранот, центар на медитеранот. Стариот град со својата архитектута  од венецијанско потекло привлекува илјадници туристи годишно. Во овој стар дел на градот се наоѓаат три цркви, првата е Св.Иван изградена во VII век, втората Св.Марија која датира од 840 година и третата е Св.Троица од 1804 година. Во Будва исто така се наоѓа и најпознатата Словенска плажа во вкупна должина од 25км. Во непосредна близина се наоѓа и островот Св.Никола кој е најголем остров на овој дел од Јадранот. (Во Котор и Будва слободно време за индивидуални прошетки по околу 2,5 часа) Враќање во Сутоморе. Ноќевање.

08.03.2020 Недела
Во 10:00 часот напуштање на собите и поаѓање за манастир Острог. Разглед на манастирскиот комплекс кој датира од 17 век и поклонување пред моштите на Св.Василие Острошки. Во попладневните часови поагање за Скопје. Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА: 2480 денари



ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

• 2 ноќевања во Сутоморе
• Превоз до наведената релација
• Посета на Сутоморе,Котор,Будва,Острог
• Пратител за време на целото патување
•Организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

• Превоз од Долниот до Горниот Манастир во Острог (со комбиња од манастирот)
• Излетничка такса на Острог ( 1 евро по лице задолжителна доплата)
• Влезници за културно-историски споменици
• Патничко осигурување (препорачливо) 

Доплата за 1/1 соба 30% од аранжманот
 Деца до 12 години плаќаат 2000 денари

Напомена: Распоредот за седење во автобус се прави според уплата на аранжманот.
Доколку патникот сака одредено седиште за истото може да доплати 5 евра
(освен првиот ред во автобус кој е резервиран за персоналот). 

Во Црна Гора може да се патува со лична карта.

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут-Скопје.