БИДЕТЕ ДЕЛ ОД РАКОМЕТНАТА ТРЕСКА

09.01-14.01.2020

Виена – е една од најстарите метрополи во срцето на Европа,кралски град и место каде се вкрстуваат различните култури и влијанија.Една од нај омилените европски дестинации на туристите од целиот свет и со право го носи зборот- дека Виена е прав полиглот. Со своето архитектонско и културно наследство,со својот шарм и раскош може да застане рамо до рамо со Париз и Рим. Виена го носи епитетот на музичка предстолнина на светот во која живееле и твореле композиторите – Моцарт и Бетовен, како и епитетот на еден од нај значајните културни центри во стариот континент. Катедралата Св. Стефан во која се венчал прочуениот композитор Моцарт,велинчествените споменици на Ринг, градините во палатата Белведере, дворецот Schönbrunn, Mariahilfer илиi Kärtner Strasse се само дел од знаменитостите кој овој град може да ги понуди.Demel некогашната слаткарница на кралското семејство, важи за една од најпознатите и најдобрите слаткарници во светот. Sacher тортата е неизбежно делче при изборот од многу бројните слаткарници. Добар апетит -  Angenehm!

1 ден 09.Јан.2020  СКОПЈЕ – ПАРНДОРФ

Состанок на групата во 16.00ч. поаѓање во 16.30ч. од Дрво Декор. Ноќно возење со попатни паузи, царински и пасошки контроли. Се патува преку гранични премини Србија и Унгарија. Ноќевање во автобус.

 2 ден 10.Јан.2020   ПАРНДОРФ – ВИЕНА

Во попладневните часови пристигнување во шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“, слободно време за шопинг, ручек, кафе… Пристигнување во Виена во доцните попладневни часови, сместување во хотел Geblergasse 3* кој се наоѓа на само 20тина минути пешачење од салата каде што ќе навиваме за Македонија, спортскиот комплекс Wienner Stadhalle, слободни индивидуални активности до започнување на следење на натпреварите помеѓу Р. Чешка – Австрија 18:15 ч. и Македонија – Украина 20:30 ч. Ноќевање.

 3 ден 11.Јан.2020   ВИЕНА

Појадок. Организиран разглед на Виена со стручен водич на српски јазик.Панорамски разглед на градот во време траење од 4-5ч. Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…  дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св. Стефан (Штефан дом)… По завршувањето на разгледот враќање во хотел или факултативно: посета на Панорамското тркало Виенер Рајсенрад, Пратер доколку сакате да ја видите целата Виена одеднаш, качете се на панорамското тркало во состав на забавниот парк Пратер. Станува збор за 65 метри висока градба изградена во 1897 година, која ви обезбедува возење во траење од 20 минути, но и можност за да направите фантастични фотографии. Цената за влез во Рајсенрад изнесува 15€. Индивидуално продолжување на прошетката низ Виена и индивидуално враќање до хотел. Ноќевање.

4 ден 12.Јан.2020    ВИЕНА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативно посета на Шенбрун, Шенбрунер Шлоштрасе Барокната палата под заштита на УНЕСКО е една од најголемите туристички атракции во Виена. Некогашна летна резиденција на Хабсбурговците во која Франц Јосиф се оженил за кралицата Сиси. Спектакуларниот Шенбрун брои околу 1.400 простории, а внимание привлекуваат и неговите величествени градини поради кои го нарекуваат и Мини Версај. Цената за влезница со водич изнесува 20€.Враќање во хотел во договорено време поаѓање према спортскиот комплекс и следење на натпреварите Чешка – Македонија 16:00 ч. и Австрија – Украина 18:15 ч. По натпреварите слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 5 ден 13.Јан.2020  ВИЕНА – БАДЕН   

Појадок. Индивидулни активности. Наша препорака факултативна посета на Баден – Виенските Шуми.
Факултативата трае околу 4 ч. Најнапред се посетува Seegrotte – разглед на некогашниот рудник и поранешната фабрика за авиони на Хитлер кои се наоѓаат на првото ниво. На второто ниво се наоѓа подземно езеро. Во факултативата е вклучена и прошетка низ езерото со чамец. ‘‘Големото езеро‘‘ се наоѓа на 60 m под морското ниво и е познато како најголемото подземно езеро во Европа. Површината на водата е околу 6.200 m² и просечната длабочина од 1.20 m. Најдлабоката точка на езерото е 12 m. Езерото се полни од 7 извори, но не може природно да се исцеди, па затоа е потребно секоја вечер да се испумпува за да се одржи нивото на водата. По разгледот на Seegrotte се заминува за Heiligenkreuz. Heiligenkreuz е прекрасен Цистериански манастир во близина на Виена. Heiligenkreuz е втор најстар Цистериански манастир во светот и исто така се води како најстар населен манастир. Манастирот во Септември 2007 е благословен со официјална посета на Папата Бенедикт XVI. За време на посетата на манастирот има можност за кафе пауза во локалниот црковен ресторан, каде што исто така може да се проба манастирска супа и домашно манастирско вино. Од таму се заминува на посета на живописното градче Баден кое се наоѓа на подножјето на Виенските шуми. Попатно има прекрасен поглед на Виенските виногради. Баден е познат по тоа што во минатото бил многу познат бањски центар каде што Австриската аристократија го поминувала своето слободно време. Денес сите хотели што се во Баден располагаат со СПА центри во кои има термална вода. Во Баден исто така се наоѓа и Grand Casino – Baden. Културата отсекогаш се негувала во Баден. Познатите композитори Моцарт и Бетовен доаѓале во овој град за да добијат инспирација и да ги напишат своите најголеми дела. Јохан Штраус постојано имал концерти во Баденскиот СПА парк. По разгледот на градот, слободно време каде може да се  ужива во овој навистина прекрасен град. Цената за Виенските шуми со локален водич,влезница и превоз е 30€. Враќање во хотел. Ноќевање.

6 ден 14 Јан2020  ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок.По појадокот напуштање на собите,слободно време за индивидуални активости. Во договорено време поаѓање кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalle, следење на натпреварите Австрија-Македонија 18:15 ч. Украина – Чешка 20:30 ч. Околу 22:30 ч. поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи, царински и пасошки контроли. Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 355 € / 22.010 мкд

во три и четирикреветна соба


ЦЕНА ПО ЛИЦЕ  : 375 € / 23.250 мкд

во двокреветна соба

 

 

Цената вклучува:

·        -  Автобуски превоз на релација Скопје – Виена – Скопје

·   -  - 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* Geblergasse http://www.birghotels.com/hotel_geblergasse/Хотелот е на само 20мин пешачење од спортскиот комплекс Wienner Stadhalle каде се одржуваат натпреварите.

·         - Блок карти за натпреварите во Б групата каде што игра Македонија

·         - Панорамски разглед на Виена со лиценциран водич на српски јазик

·         - Трошоци за организација на патувањето

·         - Придружник, водич за цело времетраење на патувањето

 

Цената не вклучува:

·          - Факултативниот излет Баден – Виенската шума 30€ (пријавување и уплата во агенција при правење на резервација)

·         - Билетите за локален транспорт (2,5€ по правец)

·         - Влезниците при посета на културно – уметничките споменици

·         - Патничко осигурување за време траење на престојот од 200мкд

·         - Индивидуални трошоци на патникот

 

Факултативни излети:

·         Баден – Виенската шума 30€ (пријавување и уплата во агенција при правење на резервација)

·         Посета на дворецот Schönbrunn по цена од 20€

·         Посета на панорамското тркало 15€

 

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБНО Е ПРИЈАВУВАЊЕ НА МИН.40 ПАТНИЦИ

 

НАПОМЕНА: распоред на седење во автобусот се врши според дата на пријавување. Предност имаат постарите лица и семејства со помали деца. Можност со доплата од 10€ за бирање седиште во автобус.

УПЛАТА : при правење на резервација се уплаќа 40% аконтација од цената на аранжманот, а остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.

Ги молиме патниците внимателно да ја прочитаат ПРОГРАМАТА ЗА ПАТУВАЊЕ, ИНФОРМАЦИИ И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ бидејќи тие се составен дел од договорот и обврзувачки се за двете страни.

  

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А СКАУТ - СКОПЈЕ