ПРЕДНОВОГОДИШНА МАГИЈА
БОЖИЌЕН БАЗАР ВО БУДИМПЕШТА – кралицата на Дунав
20.12.2019 – 23.12.2019
 (4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК)

Бидете дел и истражете ги омилените Божиќни пазари во Будимпешта, особено што унгарскиот главен град е прогласен за најприфатлива дестинација за Божиќен базар од страна на British Daily Mail!Покрај најпознатиот празничен саем на плоштадот Vörösmarty Square градот нуди пазари организирани на повеќе локации каде се нудат уникатни занаетчиски производи, вкусна локална храна и пијалоци, одлични програмски содржини.

1 ден (20.12.2019- петок) | Скопје - Будимпешта

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe, во 13:05 часот. Полетување кон Будимпешта во 15:05 часот. Слетување во Будимпешта во 16:30 часот. Организиран трасфер до хотелот и сместување.  Ноќевање.

2 ден (21.12.2019- сабота) | Будимпешта

Појадок во хотел. По појадокот следува пешачки разглед на градот со локален водич, Пешта – Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци… Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим – Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина. Во вечерните часови слободно време за да се доживее неповторливата Божиќна атмосфера на некој од многубројните плоштади во градот, во комбинација со скара, греано вино, традиционален гулаш и  други специјалитети. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (22.12.2019 - недела) | Будимпешта 

Појадок во хотел. По возбудливата ноќ Ви препорачуваме слободно предпладне за прошетка низ Будимпешта или посета на Парламентот – најмаркантниот симбол на градот или посета на Arena Mall. Попладне (факултативно) крстарење под мостовите на Дунав. Во вечерните часови повторно уживаме во Божиќната атмосфера на градот. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (23.12.2019 - понеделник) | Будимпешта - Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 13:15 часот. Пристигнување во Скопје во 14:35 часот.

ЦЕНА  - 199 €  

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Будимпешта - Скопје со  Wizz Air;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8kg и мак. димензии 40x30x25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел - 3 ноќевања со појадок;
  • Трансфер аеродром - хотел – аеродром;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Расглед на градот со локален водич – 15 евра
  • Крстарење по Дунав – 20 евра
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба 60 евра

НАПОМЕНА: Задолжителна пријава на факултативи при уплата!

 

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА Скаут - Скопје
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од важечка патна исправа;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.  

За оваа програма важат општите услови за патување на ТА Скаут - Скопје