ПРЕДНОВОГОДИШНА МАГИЈА
Божиќен базар во БРАТИСЛАВА и ВИЕНА
13.12–15.12.2019  / 3 дена / 2 ноќевања со појадок

Од средината на ноември до Божиќ, најубавите градски плоштади во Европа се претвораат во волшебни Божиќни пазари. Аромата на Божиќните пекарски производи и ароматичните топли напитоци, создаваат неповторлива предновогодишна атмосфера. По есента преполна со културни настани, следува најромантичниот период на градот. Студеното време и снегот не ги спречуваат мештаните и посетителите да ги наполнат улиcите и плоштадите на кои се одржува традиционалниот божиќен пазар.

1 Ден: Скопје – Братислава   (петок - 13.12.2019)
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 17:40 ч.Полетување кон Братислава во 19:40 часот. Пристигнување во Братислава во 21:10 часот при што следува организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2 Ден: Братислава - Виена  - Братислава ( сабота - 14.12.2019)
Појадок во хотел. (Факултативно - препорачуваме) посета и прошетка низ Виена – главниот град на Австрија. Можност за пешачки разглед со локален водич: Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Катедралата Св. Стефан...како и посета на најголемиот божиќен пазар кој се наоѓа во срцето на градот. Во попладневните часови враќање во Братислава. Слободно попладне, во вечерните часови се упатуваме во центарот на градот и уживаме во празничната магија на градот и божиќниот пазар во Братислава. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

3 Ден:Братислава - Скопје (недела - 15.12.2019)
Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Багажот го оставаме во хотел. Пред поаѓањето за Скопје можност за факултативен пешачки разглед на градот со локален водич, Националниот театар, палатата Примата, Старата градска општина и плоштадот Хлавно наместје, Михалска Порта, концертната сала Редута, палатата Палфи, Претседателската палата, Катедралата Св.Мартин, Сината Црква, Црквата Св.Тројца...Во договорено време, со организиран трансфер тргнуваме  кон аеродромот во Братислава. Полетување кон Скопје во 20:25 часот и слетување во 21:55 часот.
 
ЦЕНА  185 € 

Во цената на аранжманот е вклучено:
Директен лет на релација Скопје - Братислава - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8кг и максимални димензии 40x30x20;
Сместување во двокреветни соби во хотел - 2 ноќевања со појадок;
Трансфер аеродром – хотел- аеродром;
Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Доплата за 10 kg рачен багаж (куфер 55x40x23 – 30 евра)
Доплата за еднокреветна соба 60 евра
Патничко осигурување
Посета на Виена и разглед со локален водич – 30 евра
Разглед на Братислава со локален водич – 10 евра

НАПОМЕНА: Задолжителна пријава на факултативи при уплата!

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
Организатор на аранжманот е ТА Скаут - Скопје
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од важечка патна исправа.
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на локалните партнери
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на ТА Скаут - Скопје