ЕСЕН - ИСТАНБУЛ
ТЕРМИН: 10.10-13.10.2019

Истанбул, единствениот град на два континенти! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина и историја, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности.Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот. 

Прв ден – (четврток) 10.10.2019
Средба на групата на Дрводекор во 15.00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности. 

Втор ден – (петок) 11.10.2019
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени). Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на факултативните разгледите.

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија (бесплатен влез доколку е отворена за посетители), Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата. (разглед со водич-пешачка тура низ историскиот дел на градот 5 евра) 

Аја Софија - влезница и разглед со водич 20 евра (некогашната црква на Светата мудрост градена во византискиот период, по освојувањето на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија, а денес е музеј и представува најпосетувана атракција во Истанбул)

Топкапи палатата – влезница и разглед со водич 20 евра (администратиовниот центар на Отоманската Империја во која живееле турските султани со векови)

***за уплатена влезница во Аја Софија или Топкапи палатата – гратис пешачка тура !!!

Во вечерните часови препорачуваме факултативна традиционална турска забава на брод  (времетраење околу 3часа) цена 40 евра со вечера и непграничен пијалок. Враќање во хотел. Ноќевање. 
 
Трет ден – (сабота) 12.10.2019

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Денот започнува со прекрасно крстарење по Босфорот (факултативно 20 евра). 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. 

Факултативно посета на најголемата и најубава палата во Истанбул, Турскиот Версај – Долмабахче палатата (превоз-влезница – водич 25 евра).Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. 

Потоа се упатуваме кон Миниатурк (музеј на отворено ,,Мал модел на големиот град,,) 135 модели од Турската историја на 60000 метри квадратни кои се представени во размер 1/25 од реалната големина. Разглед на музејот со локален водич – 10 евра.

Попладне уживаме на видиковецот Пиер Лоти – 10 евра, место во Истанбул од каде има најубав поглед кон Златниот рог, и воопшто кон Истанбул. Имено францускиот писател Пијер Лоти бил вистински љубител на Истанбул и во негова чест овој парк го носи неговото име.Враќање во хотел по завршување на факултативите. Ноќевање
.

***СИТЕ ПОСЕТИ ТРЕТИОТ ДЕН 60 ЕВРА

Четврт ден – (недела) 13.10.2019

Појадок, одјавување од хотел. Групата, се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција. Влезница 15 евра – се плаќа на лице место кој сака да го посети аквариумот.Попладне тргнување за Македонија. Пристигнување во Скопје во утринските часови следниот ден.

      
                    ЦЕНА 90 ЕВРА


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

·      ·         Две ноќевања во хотел 3* со појадок 

·         Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје

·         Посета на трговскиот центар Форум Истанбул

·         туристички пратител за време на престојот


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • ·         задолжително патничко осигурување

    ·     факултативните излети:
     Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки – 20 евра
    • Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра
    • Пешачка тура низ Историскиот дел на градот – 5 евра
    •  Крстарење по Босфорот – 20 евра         
    •  Миниатург – 10 евра         
    • Паркот Пјиер Лоти – 10 евра
    •  Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 евра       
    • Традиционална турска вечер – 40 евра

    а реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници

     Попусти за деца:

    ·         Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)

    ·         Деца од 3 до 12 години  плаќаат 50 евра

    ·         Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници 

    НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

    ·         Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот) 

    УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

    ·         Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.·         Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

    ·         Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на Турција.

    ·         Пасошот треба да се со минимум 6 месеци пред истекување за да може да се влезе во државата.

    ·         Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

    ·         Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

    ·         Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

    ·         Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

    ·         Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.·
             Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.

    ·         За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.

    ·         Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.

    ·         Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.·         Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.·         Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.

    ·         Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание
    .·         ТА СКАУТ не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

    ·         Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.

    ·         Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот
    .·         Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

    ·         ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата
    ·         Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

    ·         Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

    ·         Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.

    ·         Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.·         Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Скаут