8 МИ СЕПТЕМВРИ - ЦРНА ГОРА

СУТОМОРЕ – ДУБРОВНИК – ОСТРОГ
  06.09 - 09.09.2019
4 дена/ 3 ноќевања превоз појадок и вечера 
06.09.2019 петок
Состанок на групата во 14,00 часот кај Борис Трајковски, поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи. Пристигнување во Сутоморе во вечерните часови. Сместување. 
07.09.2019 сабота
Појадок. Поаѓање за Острошки манастир во 09,00часот. Разглед на манастирскиот комплекс кој датира од 17 век и поклонување пред моштите на Свети Василие Острошки кои се во црквата Воведение на Пресвета Богородица во Горниот Манастир. Попладне враќање во Сутоморе. Слободно попладне. Вечера и ноќевање.
08.09.2019 недела
Појадок. Состанок на групата во 09.00 часот и поаѓање на факултативен излет во  Дубровник. Разглед на градот со локален водич. Прошетка по Страдун низ срцето на градот каде може да се видат, Онофриевата фонтана, Орландовиот столб, црквата Св. Влахо.... Попладне враќање во Сутоморе. Вечера и ноќевање.
09.09.2019 понеделник
Слободно предпладне. Во 16,00 часот поаѓање за Македонија. Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА 4.900 ден

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО• 3 ноќевања во Сутоморе со појадок и вечера• превоз со високо туристички автобус на наведената релација• посета на  Манастирот Острог• пратител за време на целото патување• организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО• факултативна посета на Дубровник (превоз, траект и локален водич) – 15 евра• 1 евро излетничка такса во Острог (задолжителна доплата)• 3 евра туристичка такса во Сутоморе (задолжителна доплата)• превоз од Долниот до Горниот Манастир во Острог (со комбиња од манастирот)• влезници за културно-историските споменици во Дубровник• патничко осигурување 
*доплата за 1/1 соба 30%*попуст за деца до 12 години 30%
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата. Може да се патува со лична карта во Црна Гора. За патувањето во Дубровник потребен е пасош . За реализација на факултативата потребени се минимум 30 патници.
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје