ВЕЛИГДЕН
БЕЛГРАД и НОВИ САД
*може да се патува со лична карта
25.04-28.04.2019

СКОПЈЕ – БЕЛГРАД25.04.2019 ( Четврток)
Состанок на групата на автобуската станица пред старо Матично во 23.30ч,поаѓање за Р.Србија во 00:00ч. Ноќно патување, со кратки попатни одмори.Патувањето е преку граничен премин Табановце. 

БЕЛГРАД26.04.2019( Петок)
Пристигнување во Белград во претпладневните часови .Панорамски разглед на градот со стручен локален водич...Посета на цркватаСв. Сава, ридот Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, Бранковиот мост, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, улицата КнезМихајлова,плоштадот на Никола Пашиќ,Теразије,Народниот Театар, Собранието,тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот...Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности( посета на шопинг центарот “Ушче” или одмор. Во вечерните часови можност за организирана вечера во еден од прекрасните ресторани во боемскиот кварт Скадарлија. Ноќевање.

БЕЛГРАД – НОВИ САД27.04.2019(Сабота)
Појадок. Попојадокот – факултативно заминување за Нови Сад. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајнот aрхитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина.Организирана посета за ручек во традиционален САЛАШ– (богат ручек соспецијалитети на Војводинската кујна)  во центарот на градот. Враќање во Белград во попладневните часови. Вечерта можност за ноќна прошетка низ центарот на Белград и посета на црква во центарот на градот за Христовото воскресение ...Ноќевање.

БЕЛГРАД – СКОПЈЕ28.04.2019 ( Недела)
Појадок. Oдјавување од хотелот. Планирана посета на шопинг центарот “ИKEA”. Поаѓање за Македонија околу 14.00 ч.Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 85 евра  /5.270,00 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Автобуски превоз на наведената релација
• 2 ноќевања со појадок во хотел“ Славија“ www.slavijahotel.com
• Разглед на Белград со стручен локален водич
• Организација, водство и реализација на аранжманот
• Лиценциран придружник на групата 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

• Патничко и здравствено осигурување 130 денари
• Влезници при посета на културно-историските споменици;
• Туристичка такса за престој - 1,5 евра по лице на ден 
• Факултативна посета и разглед  на Нови Сад со вклучен ручек во национален ресторан –Салаш-30 евра
 • Факултативна вечера во ресторан на Скадарлија – 25 евра 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје