ВЕЛИГДЕН

ВЕНЕЦИЈА,МИЛАНО И СИРМИОНЕ

26.04-30.04.2019

26.04.2019 петок ( Скопје-Венеција)

Поаѓање за Венеција во 14.30  часот на паркингот на Holiday Inn.Патување преку Србија со попатни паузи и царински формалности.Ноќно возење.

27.04.2019 сабота  (Венеција)

Пристигнување во Венеција и разглед на градот: Плоштадот и црквата св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, мостот Риалто, каналот Гранде...Продолжување кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

28.04.2019 недела (Лидо ди Јесоло-Милано)

Појадок. Можност за факултативен излет до Милано… Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Galleria Vittorio Emanuele што ги поврзува Катедралата Дуомо и една од најпознатите оперски куќи во светот, Миланската Скала, градската куќа на Милано... Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Лидо во вечерните часови. Ноќевање.

29.04.2019 понеделник (Лидо ди Јесоло-Сирмионе-Верона-Скопје)

Појадок. Напуштање нахотел и факултативно заминување кон Верона.Прошетка низ градот: арената,минхенска фонтана,куќата на Јулија....продолжување за Сирмионе (место на јужниот брег од познатото езеро,,Гарда,,)омиленото место за богаташи,познато по сулфурните извори,термални лековити бањи ( Вирџилио и Катуљо),прошетка до куќата на познатата Мариа Калас,замокот Скалигер од XIII век, црквата Сан Пиетро,Санта Мариа Маџоре…можност за прошетка со бродче по езерото.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија...

30.04.2019 вторник (Скопје)

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 119 ЕВРА

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

*автобуски превоз на наведената релација

*2 НП (ноќевање со појадок)во хотел 3* во Лидо ди Јесоло

*лиценциран пратител и организација на аранжманот 

* разглед на Венеција со локален водич


ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО 

*карта за брод Венеција 20 евра

*факултативна посета на Милано 35еур (факултативата се организира со минимум 25 патници)

*задолжителна  факултативна посета на Верона и Сирмионе 10 евра

*патничко осигурување


НАПОМЕНА:

Т.А. СКАУТ го задржува правото за промени на аранжманот

Доколку не се исполни минималниот број на патници, агенцијата има право да го откаже аранжманот 4 дена пред поаѓање


За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.

За реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патници.

За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје