Познато големо туристичко место на околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања. Има огромен број на таверни, ресторани, барови, пицерии и супермаркети. Пефкохори е сликовито место, со поплочени улици, уредени дворови, разнобојни цвеќиња. Има огромен број продавници, супермаркети, златари, амбуланта, аптека, пошта. На плажите може да се изнајмат лежалки и чадори за сонце, како и реквизити за спорт на вода. Овде секој може да најде нешто по свој вкус, затоа е подеднакво популарно меѓу сите возрасти, од најмлади до најстари, од оние кои сакаат луда забава до оние кои сакаат мирен семеен одмор.

ВИЛА АНГЕЛИКИ


Локација: Се наоѓа на само 30м. од плажа, во непосредна близина на центарот.
Сместување: трикреветни студиа, четирикреветни и петкреветни апартмани.
Опрема:АПП – дневна соба со два единечни кревети, опремена кујна, одделна спална соба со два или три единечни кревети, бања, ТВ и две тераси.

Студио – три единечни кревета, опремена кујна, ТВ, бања и две тераси.

Клима уред: Доплата на лице место 3€ од ден.

-                       10% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.03.2019


-                       ПРОМО ЦЕНИТЕ СЕ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ И НЕ СЕ ОДБИВА ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ



Цените со * се однесуваат на 7 ноќевања со превоз по лице.

Трето и четврто лице ГРАТИС ( доплата за превоз, доколку користат)

Доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 10 евра по лице.

За уплата на два аранжмани одобруваме 7% попуст на втората смена.





Цените без * се однесуваат на наем на студио/апартман за 9 ноќевања без превоз.

Доплата за превоз

35 евра за возрасни

25 евра за деца од 2-12 години

 

*Во студиата е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.

 

*Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

 *Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

·                        При промена на цената ( зголемување или намалување на истата) нема да се менува веќе договорената услуга.

·                        При отказ на аранжман уплатен со попуст, важат условите за отказ согласно редовниот ценовник и општите услови за патување.

·                        Доколку се прави промена на термин уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник – се губи правото на попуст.

·                        Попустот за рана уплата и попустот 7+7 не може да се комбинираат.

 

НАПОМЕНА

·                        Превозот се извршува со автобус или минибус согласно пријавените патници и оди до соодветното место каде може да застане според локалните сообраќајни услови,

·                        Организаторот не  гарантира превоз до самиот објект на сместување,

·                        Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.


Тргнување од Скопје: 05:00ч. На автобуската станица пред старо матично на Илинденска.