Фурка  се наоѓа на стотина километри од Солун и секоја година привлекува се поголем број  туристи. Првата работа со која се среќаваат туристите во ова место е прекрасната плажа.Фурка е комбинација од природни убавини, одлични објекти и мирен ноќен живот. Местото е богато со зеленило, морето е кристално чисто и сино и изгледа совршено во комбинација со околните шуми и планини. Заоѓањето на сонцето е посебно доживување–кога се спушта зад морето небото е украсено со црвени, пурпурни и со портокалови зраци, па престојот наубавата песочна плажа трае до 21 часот. Покрај природните убавини, туристите ги привлекува и добрата туристичка организација. Модерната инфраструктура овозможува пријатен и комфорен одмор, одмор за сечиј вкус

ВИЛА ДИНИРА

Лоцирана на првата улица која се протега низ долгиот брег на Фурка, вилата се наоѓа на само 50 метри оддалеченост од песочната плажа. Освен со својата модерна градба,овој објект може да се истакне и со своите убаво опремени трокреветни и четворокреветни студиа за сместување. Студијата имаат комлетно опремена кујна и клима уред кој е вклучен во цената.




-                       ПРОМО ЦЕНИТЕ СЕ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ И НЕ СЕ ОДБИВА ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ


-        10% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.03.2019

 

Цените со * се однесуваат на 7 ноќевања со превоз по лице.

Трето и четврто лице ГРАТИС ( доплата за превоз, доколку користат)

Доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 10 евра по лице.

За уплата на два аранжмани одобруваме 7% попуст на втората смена.

Цените без * се однесуваат на наем на студио/апартман за 9 ноќевања без превоз.

Доплата за превоз

35 евра за возрасни

25 евра за деца од 2-12 години

 *Во студиата е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.

          *Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.


*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

 *Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

 При промена на цената ( зголемување или намалување на истата) нема да се менува веќе договорената услуга.

При отказ на аранжман уплатен со попуст, важат условите за отказ согласно редовниот ценовник и општите услови за патување.

·         Доколку се прави промена на термин уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник – се губи правото на попуст.

·         Попустот за рана уплата и попустот 7+7 не може да се комбинираат.

 

НАПОМЕНА

·         Превозот се извршува со автобус или минибус согласно пријавените патници и оди до соодветното место каде може да застане според локалните сообраќајни услови,

·         Организаторот не  гарантира превоз до самиот објект на сместување,

·         Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.


Тргнување од Скопје: 05:00ч. На автобуската станица пред старо матично на Илинденска.