24 Мај
МАНАСТИР ОСТРОГ - ЦРНА ГОРА

СУТОМОРЕ – БУДВА – КОТОР  - ДУБРОВНИК – ПЕРАСТ
  23.05-26.05.2019
4 дена / 3 ноќевања 

23.05.2019 четврток
Состанок на групата во 14.00 часот од Дрводекор и поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи. Пристигнување во Сутоморе во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

24.05.2019 петок
Слободно предпладне. Во 10.00 часот поаѓање за Пераст. (факултативно) Пераст е мал град кој се наоѓа помеѓи Рисанскиот и Бокакоторскиот залив. Пераст со сигурност е една од најатрактивните дестинации во Бокакоторскиот залив. Овој мал стар град е специфичен по многу нешта. Низ историјата ова место многумина сакале да го освојат од Византиското царство па до австриијците и секој од нив оставил свој белег во градот. Денес Пераст е една од најлуксузните дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви, а секако главна атракција е островот Госпа од Шкрпеља. Со брод заминуваме кон ова мало островче. Легендата вели дека морнари во 14 век пронашле на карпа во морето икона на Богородица со дете во раце и по секоја успешна пловидба фрлале камења во морето и така се создал овој остров. На островот се наоѓа црква која содржи огромен број на уметнички дела како и иконата на Госпа од Шкрпеља. Но, она што најмногу го привлекува вниманието на посетителите е непбичната таписерија која ја изработувала Јаница Куниќ цели 25 години колку што го чекала својот сопруг да се врати од пловидба. Во таписеријата се наоѓаат вткаени прамени од нејзината коса. Потоа со брод се враќаме во Пераст, пред поаѓањето за Котор слободно време од 1 час.
Продолжуваме кон Котор, град под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифу, Црквата Св.Никола....Попладне посета на Будва, слободно време за индивидуална прошетка низ стариот град. Вечерта факултативно вечера во најстариот ресторан во Будва.  ( Котор, Будва – слободно време за индивидуални прошетки по околу 2,5 часа ) Враќање во Сутоморе. Ноќевање.


25.05.2019 сабота
Состанок на групата во 09.00 часот и поаѓање за Дубровник. (факултативно). Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за индивидуална прошетка. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.


26.05.2019 недела
Поаѓање за Oстрошки манастир во 09.00 часот. Посета на манастирскиот комплекс кој датира од 17 век и поклонување пред моштите на Св. Василие. Потоа се упатуваме кон Подгорица и правиме пауза од 2 часа во Delta City. Попладне поаѓање за Македонија.  Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


ЦЕНА 3.500 ден


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
3 ноќевања во Сутоморе
превоз со високо туристички автобус на наведената релација
посета на Острог, Подгорица, Сутоморе, Бар
пратител за време на целото патување
организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
факултативна вечера во Будва (15 евра)
превоз од Долниот до Горниот Манастир во Острој (со комбиња од манастирот)
Посета на Дубровник (превоз и разглед со локален водич) – 15 евра
Посета на Перас, Котор и Будва (билет за брод и посета на Госпа од Шкпеља) – 15 евра
влезници за културно-историските споменици 
патничко осигурување 

доплата за 1/1 соба 30% од аранжманот
деца до 12 години плаќаат 2500 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.

За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје