1ви МАЈ - ИСТАНБУЛ 

ТЕРМИН: 01.05-04.05.2019

4 дена/ 2 ноќевања со појадок

 Истанбул, единствениот град на два континенти! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина и историја, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности.

Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од неофицијално над 20 милиони жители.

Прв ден – 01.05.2019 (среда)

Средба на групата на Дрводекор во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 02.05.2019 (четврток)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време.

НАПОМЕНА: ( За да се искористи денот се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе се влезе во хотел по завршувањето на разгледите).

Следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Веднаш потоа се упатуваме кон Долмабахче палатата.

Долмабахче палата – Турскиот Версај

Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

По посетата на Долмабахче, следува денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

По завршувањето на овие факултативи, групата се враќа во хотел, каде има слободно време се до вечерните часови, кога ќе се оди на ноќен Истанбул. Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула.

Трет ден – 05.05.2019 (петок)

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.

Аја Софија

Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.

Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледите, групата има слободно време за индивидуални активности.

Watergarden и Emaar Square Mall – НОВО!

Во договорено време групата се чека на рецепцијата каде се упатува према азискиот дел на Истанбул, и прекрасниот Emaar Square Mall и Watergarden, кои претставуваат сосема ново и неверојатно доживување. Emaar Square Mall е трговски центар кој ги прати најновите лајфстајл трендови и по неговото отворање станува центарот на шопингот, гастрономијата, но и на забавата со откривањето на Watergarden базените и фонтаните, кои им дават уникатно доживување на сите посетители. Бидете дел од кореографијата на блескавите води, светлината, ласерите, но и музичките и огнени шоу спектакли.

 

Четврт ден – 04.05.2019 (сабота)

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата, се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови во недела на 05.05.2019

 ЦЕНА 80 евра

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

·         Две ноќевања во хотел 3* со појадок

·         Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје

·         Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со лиценциран водич

·         Посета на трговскиот центар Форум Истанбул

·         туристички пратител за време на престојот

·         организација за време на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

·         задолжително патничко осигурување

·         факултативните излети:

·         Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки – 20 евра

·         Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра

·         панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – 15 евра

·         крстарење по Босфорот – 20 евра

·         Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 евра

·         Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси – 20 евра

·         Посета на Watergarden и Emaar Square Mall – 20 евра (НОВО – препорака!)

·         Туркуазу Аквариум – 15 евра

 

ИНФОРМАЦИИ:

·         За сингл соба се доплатуваат 30 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

·         Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)

·         Деца од 3 до 12 години плаќаат 50 евра

·         Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

 

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

·         Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

·         Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

·         Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

·         Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на Турција.

·         Пасошот треба да се со минимум 6 месеци пред истекување за да може да се влезе во државата.

·         Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

·         Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

·         Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

·         Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

·         Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.

·         Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.

·         За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.

·         Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.

·         Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

·         Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

·         Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.

·         Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.

·         ТА СКАУТ не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

·         Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.

·         Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.

·         Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

·         ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

·         Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

·         Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

·         Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.

·         Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

·         Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Скаут