1 МАЈ 
МАНАСТИР ОСТРОГ - ЦРНА ГОРА
СУТОМОРЕ – БУДВА – КОТОР  - ДУБРОВНИК – ТИВАТ, ПОРТО МОНТЕНЕГРО – БАР- СКАДАРСКО ЕЗЕРО
  01.05 - 05.05.2019
5 дена / 4 ноќевања 


01.05.2019 СРЕДА
Состанок на групата во 06.00 часот од Дрводекор и поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи. Пристигнување во Сутоморе околу 14 часот. Сместување. Попладне посета на Бар, слободно време за прошетка низ градот од 3 часа. Враќање во Сутоморе. Ноќевање.


02.05.2019 ЧЕТВРТОК
Слободно предпладне. Во 10.00 часот поаѓање за Тиват. Слободно време за индивидуален разглед на новоизградената марина Порто Монтенегро и уживање во овој луксузен компелекс.Потоа патувањето го продолжуваме во Котор. Сободно време за индивидуален разглед и прошетка. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифу, Црквата Св.Никола....Попладне посета на Будва, слободно време за индивидуална прошетка низ стариот град. Вечерта факултативно вечера во најстариот ресторан во Будва.  (Тиват, Котор, Будва – слободно време за индивидуални прошетки по околу 2,5 часа ) Враќање во Сутоморе. Ноќевање.

03.05.2019 ПЕТОК
Ден предвиден за посета на Вирпазар и возење со брод по Скадарско Езеро. Скадарско Езеро е најголемо езеро на Балканот кое се наоѓа на територија на Црна Гора и Албанија. Од 1983 година езерото е прогласено за Национален парк. Има површина од 400км2 и нуди многубројни активности за љубителите на природата, набљудување на птици ( овде има на 270 видови на птици), возење со брод, вкусна храна и вино.Ние заминуваме на крстарење кое трае окоу 1,5 час. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.

04.05.2019 САБОТА
Состанок на групата во 09.00 часот и поаѓање за Дубровник. (факултативно). Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за индивидуална прошетка. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.

05.05.2019 НЕДЕЛА
Поаѓање за Oстрошки манастир во 09.00 часот. Посета на манастирскиот комплекс кој датира од 17 век и поклонување пред моштите на Св. Василие. Потоа се упатуваме кон Подгорица и правиме пауза од 2 часа во Delta City. Попладне поаѓање за Македонија.  Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА 3.900 ден

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
4 ноќевања во Сутоморе
•превоз со високо туристички автобус на наведената релација
• посета на Острог, Будва, Котор, Порто Монтенегро, Бар
• пратител за време на целото патување
• организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

• факултативна вечера во Будва (15 евра)
• превоз од Долниот до Горниот Манастир во Острог (со комбиња од манастирот)
• посета на Дубровник – 15 евра ( превоз, траект и локален водич)
• посета на Скадарско Езеро-15 евра ( влезница за националниот парк, крстарење ) 
• влезници за културно-историските споменици• патничко осигурување 

доплата за 1/1 соба 30% од аранжманот
 деца до 12 години плаќаат 2500 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.

За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје