ВЕЛИГДЕН
САРАЕВО – МОСТАР – ВИШЕГРАД – ДРВЕНГРАД
*може да се патува со лична карта

25.04-28.04.2019

Сараево – главниот град на Босна каде минува реката Миљатцка, град со околу 400 000 жители, град со бурна историја, олимписки град (1984год)...

25.04.2019 четврток ( Скопје-Сараево)
Состанок на групата во 19.00 часот и поаѓање за Сараево. Патуваме преку граничниот премин Табановце, ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагуевац, Ужице со попатни паузи за одмор.

26.04.2019 петок (Сараево)
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Доколку постои можност прво се сместуваме во хотел, а доколку нема се упатуваме на разглед на градот со водич Усревбеговата Џамија, Катедралата, Принциповиот мост, местото на атентатот на Франц Фердинанд, Баш Чаршија и др. Слободно попладне. Ноќевање.

27.04.2019 сабота ( Мостар)
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на Мостар. Град каде се сретвуваат северот и југот, истокот и западот, град во кој реката Неретва во векови ги дели културите и религиите. Разглед на градот со локален водич...Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиски дуќани, Саат кулата...Во попладневните часови враќање кон Сараево. Слободно време. Ноќевање.

28.04.2019 недела ( Сараево-Вишеград – Дрвенград-Скопје)
Појадок. Напуштање на хотелот и поаѓање за Скопје. Попатна посета на Вишеград. Посета на симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, кој е опишан и во романот на Иво Андриќ ,,Мостот на Дрина,,. Слободно време и можност за посета на градот на Иво Андриќ (Камен град). Патувањето го продолжуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град кој е изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Попладне продолжуваме кон Македонија.
Пристигнување на 29.04 (понеделник) во раните утрински часови.

ЦЕНА 5900 ДЕН

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
- Автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во Сараево во хотел со 3*
- Разглед на Сараево со локален водич
- Посета на Вишеград и Дрвенград
- Пратител за цело време траење на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
 - Посета на Мостар – 15 евра
- Влезници за културно-историските споменици
- Патничко осигурување

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.

За реализација на факултативите потребен е минимум 30 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје