ВЕЛИГДЕН - КАПАДОКИЈА
25.04-30.04.2019   

Дозволете ни да Ве поведе на магичното патување во единствената и уникатна Кападокија која е земја на самовилите, убавите коњи и најубавите пејзажи на светот.

 Прв ден (25.04.2019) – четврток
08:30ч. Собир на групата пред спортската сала Младост Битола. Заминување кон Турција во 09.00 часот. Патот води преку Прилеп, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Грција и истото трае отприлика 24 часа со предвидени паузи за одмор и царински формалности. 

Втор ден (26.04.2019) – петок
Предвидена подолга пауза пред пристигнувањето на второто по големина солено езеро Туз Ѓолу (Tuz Gölü)Пристигнување во Кападокија во пладневните часови, област која е позната по своите релјефни форми од пред десет илјади години по истовременото избувнување на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Оваа област е споменета уште во Библијата. Раните Христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми- чуда на природата.Сместување во хотел. Во договореното време факултативно се поаѓа на традиционална турска ноќ со програма на познатите Дервиши каде имате достапност на алкохол и мезе. Враќање во хотел. Ноќевање. 

Трет ден (27.04.2019) – сабота
Појадок. Панорамски разглед. Поаѓање за Ѓореме – огромен манастирски комплекс, посебни манастири – секој со своја единствена црква. Самата долина ги содржи најубавите цркви вклесани во карпите, со преубави фрески чии бои ја задржале нивната оригинална свежина. Самото место е под заштита на УНЕСКО уште од 1984 година. Посета на  Црквата Св.Варвара (11.век), Змиската Црква (11.век), Епл Црквата (12.век), Темната Црква (11.век), Сандали Црквата (12-13.век). По манастирскиот комлекс групата се упатува на посета на Зелве. Слободно време за ручек. Посета на глинена – порксалан фабрика, имагинарната и Свети Симон долината. Организирана дегустација на вино и различни видови на сирења. Во попладнедните часови се упатуваме кон Црвената Долина каде ќе бидеме сведоци на најубавото зајдисонце и каде се доживува една од најубавите глетки. Враќање во хотел. Ноќевање. 

Четврти ден (28.04.2019) – недела
Појадок. Во договорено време заедно со локален водич одиме на посета на подземниот град Деринкоју, посета на манастирите на Селим, долината на галебите, фабрика за оникс и скапоцени камења. По разгледот се упатуваме во долината на Ихлара. Предвидено враќање назад во хотел во 18ч. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 Петти ден (29.04.2019) – понеделник
Рано наутро околу 04:00 часот, можност за факулативен лет со балон на топол воздух над самовилските оџаци на магичното изгрејсонце во Кападокија. Класичната обиколка на оваа туристичка атракција во Централна Анатолија од балон го вклучува разгледувањето на местото Ѓореме од воздух кое целосно е сместено помеѓу карпи, а во кое и денес живеат голем број жители. Појадок. По појадокот спакувани и одјавени од хотелот групата се упатува назад за Македонија во договореното време.

 Шести ден (30.04.2019) – вторник
Пристигнување назад во Македонија во попладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ – 209 евра

ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.02.2019 – 189 евра

 Цената на аранжманот вклучува:
–                 бесплатен трансфер од Скопје и Велес
–                 автобуски превоз на горенаведената релација
–                 3 НП во хотел во Кападокија
–                 пратител за време на патувањето 

Цената на арнжманот НЕ вклучува:
–                 патничко осигурување
–                 едночасовно летање со балон во Кападокија
.–                 посета на подземниот град Деринкоју со локален водич и превоз (10 евра по лице)
–                 турска национална вечер (30 евра по лице)
–                 посета на манастирскиот комплекс Ѓореме и долината Зелве со локален водич и превоз (20 евра по лице)
–                 индивидуални трошоци 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

–                 За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници во спротивно организаторот смее да ја откаже до пет дена пред тргнување
–                 Доплата за single соба е 75 евра
–                 Локалниот водич е на англиски јазик
–                 Дете до 11.99 години со две полноплатежни лица му следува попуст 30%
–                 Важноста на патната исправа мора да е минимум шест месеци за влез во Р. Турција во спротивно организаторот не сноси никаква одговорност.
–                 Во зависност од временските услови организаторот може да ја измени програмата на лице место.