8ми Март САРАЕВО


1 ДЕН (06.03.’19 – Среда): БИТОЛА Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 18.30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 19.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори. 

2 ДЕН (07.03.’19 – Четврток): САРАЕВО Пристигнување во Сараево во попладневните часови, со попатна посета на Мокра Гора и „Дрвениот Град“ на Емир Кустурица, Шарганската железница (музеј-железница со тесен колосек), Вишеград – прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ… Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија. Ноќевање. 

3 ДЕН (08.03.’19 – Петок) : САРАЕВО Појадок. По појадокот панорамски разглед на градот со стручен водич…Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, Врело Босне, местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта…враќање во хотелот во касните попладневни часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот… Вечерта – факултативна посета на Национален Ресторан со комплетно мени и програма или свечена вечера во самиот хотел со мени и програма. Ноќевање. 

4 ДЕН (09.03.’19 – Сабота) : САРАЕВО – МОСТАР – ДУБРОВНИК Појадок. Одјавување од хотелот и заминување за Дубровник, со попатна посета на Мостар…прошетка низ старата чаршија, мостот на Неретва…Пристигнување во Дубровник во попладневните часови…разглед и прошетка со стручен водич…Стариот град, Страдун, фонтаната Онофрио, Катедралата, тврдините, бистата на Св.Дуе, Фрањевачкиот манастир…слободно време за индивидуален разглед на градот. Планирано поаѓање за Македонија во вечерните часови, патот води преку Црна Гора, Албанија… 

5 ДЕН (10.03.’19 – Недела) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во утринските часови.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 6.390,00 денари
       5.990,00 денари (за уплата до 01.02.2019)       

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
 Автобуски превоз на горенаведената релација,
 разглед на Сараево со стручен водич,
2 НП во Сараево хотел со 4* (хотел “HOLYWOOD”), 
посета на Мокра Гора, 
посета на Вишеград, 
посета на Дубровник, 
организација, водство и реализација на аранжманот. 

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици.
 
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА: Вечера во Национален Ресторан – 20 € по лице.

Хотелот ХОЛИВУД**** (www.hotel-holywood.ba) е сместен во центарот на Илиџа, зелената оаза на Сараево, располага со таверна, 4 ресторани, конгресен центар, слаткарница, кафе Холивуд, wellness центар (сауна, турско купатило, солена соба, салони за масажа, фитнес центар, затворен Олимписки базен, куглана, билијар…). Користењето на базенот и фитнес центарот се БЕСПЛАТНИ за гостите на хотелот. Бесплатен бежичен интернет (WI-FI) е достапен на целата територија на хотелот, купатилата се опремени со џакузи када или хидромасажен столб, фен…сите 418 луксузно опремени соби и апартмани се исклучително пространи и вкусно наместени, со SAT TV, локална TV, како и PAY TV.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

НАПОМЕНА: За изведување на овој аранжман – потребен е минимум од 40 патници.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 25.02.2019!

Со оваа програма важат Општите услови на ТА СКАУТ.