8ми Март ВЕНЕЦИЈА - Карневал



ВЕНЕЦИЈА-„Кралицата на Јадранот“, „Морската Невеста“, „Градот на Мостовите“, „Градот на вода“, се се тоа псевдоними кои асоцираат на градот кој е изграден на 118 мали и поголеми островчиња во лагуна, со канали наместо улици, со низа на цркви и раскошни палати и иако денес претставува единствен урбан склоп – секое нејзино катче раскажува приказна од минатото – времињата на моќта и богатството…ова е град на уметноста и убавината, град на романтичарите, но никогаш не е поубав, повесел и пораскошен како за време на најпознатиот карневал во Европа… 

1 ДЕН (Четврток – 28.02.’19) : БИТОЛА Состанок на групата на градската автобуска станица во 08.00 часот. Поаѓање за Италија во 08.30 часот. Патот води преку г.п Табановце, Ниш, Белград, Загреб…денско и ноќно патување – со кратки попатни одмори. 

2 ДЕН (Петок – 01.03.’19) : ТРСТ – ПАЛМАНОВА – ЛИДО Ди ЈЕСОЛО Пристигнување во Трст во утринските часови. Информативен разглед на градот (пешачка тура)…Ponte Roso, San Antonio Nuovo, црквата St.Spyridon, плоштадот на Обединувањето на Италија…слободно време. Состанок на групата на претходно договореното место околу пладне. Поаѓање за еден од најголемите и најпознати шопинг центри во Европа – PALMANOVA.Во попладневите часови – поаѓање за Лидо Ди Јесоло…сместување во хотел. Слободно време за одмор или индивидуален разглед на едно од најголемите Италијански летувалишта…Ноќевање. 

3 ДЕН (Сабота – 02.03.’19) : ЛАГО Ди ГАРДА – ВЕРОНА Појадок. По појадокот – слободен ден или факултативен целодневен излет за езерскиот бисер на Италија – езерото Garda и градчето Sirmione, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Поаѓање за градот на Ромео & Јулија – Верона околу пладне…разглед на стариот дел – Арената, плоштадите Bra &Erbe, куќата на Ромео, балконот на Јулија… планирано враќање во Лидо Ди Јесоло околу 17.30 часот. Ноќевање.

 4 ДЕН (Недела – 03.03.’19) : ПАДОВА – ВЕНЕЦИЈА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот – слободно време за индивидуални активности или факултативен излет за посета на ренесансната Падова…плоштадот Prato de la Vale (еден од најубавите во Италија), базиликата St.Antonio, споменикот Gatamelata, капелата Scrovegni, плоштадот Erbe, палатата на Правдата…после пладне – факултативен излет за Венеција, трансфер до траектот во Пунта Сабиони и превоз со брод до Венеција. Разглед на градот со стручен водич…Дуждевата Палата, мостот Rialto, плоштадот со црквата San Marco, мостот на воздишките, каналот Grande, како и присуство на главната смотра на маски на плоштадот Сан Марко и доделувањето на наградите…планирано поаѓање за Македонија околу 19.00 часот…Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори. 

5 ДЕН (Понеделник – 04.03.’19) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во пладневните часови.


 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 7.990,00 ден. – за уплати до 31.01.’19 !!!
       8.590,00 ден. – Редовна цена


 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
 Автобуски превоз на горенаведената релација (високоподен, со аудио и видео опременост),
 2 Н/П во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло (сместување во дво и тро креветни соби), 
организација, водство и реализација на аранжманот.

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

 
Факултативните излети и посети,
влезниците при посета на културно-историските споменици, 
патничкото осигурување, 
индивидуални трошоци,
обавезна комунална такса која за хотелите со 3* изнесува 1,6 € по лице дневно и истата се плаќа директно на рецепција.  

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :

 
Факултативен излет за Венеција (трансфер до пристаниште + брод Пунта Сабиони-Венеција-Пунта Сабиони + локален водич) – 25 € по лице,
 факултативна посета и разглед на Падова (превоз + стручен водич) – 15 € по лице,
 факултативната посета на Верона и Лаго Ди Гарда (превоз + стручен водич) – 25 € по лице. 

За изведување на факултативни излети, потребен е минимум 30 лица, за секој излет посебно. 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ :

 
Резервација за 1/1 соба се прави исклучиво на барање и доплатата изнесува 56 € (3.470,00 ден.). 
Децата на оваа програма не остваруваат попуст.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот. 

 НАПОМЕНА : Патните исправи треба да бидат со важност од минимум 180 дена од денот на завршетокот на аранжманот. Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните исправи. Застанувањата поради попатни одмори (паузи) се предвидени на секои 3-4 часа возење на попатните рест-ареи, а во зависност од расположливоста и капацитетот на рест-ареата и условите на патот. Распоредот на седење во автобусот компјутерски се одредува, во зависност од капацитетот и типот на истиот. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 20.02.2019 !!!

Со оваа програма важат Општите услови на TA СКАУТ - Скопје