8 декември МЕТЕОРИ
ВИКЕНД ПАТУВАЊЕ ЗАЕДНО СО СКАУТ
Солун-Метеори-Паралиа
08.12-09.12.2018

Метеори се таканаречени “карпи во воздухот”, еден од најголемите православни комплексни во Грција. Шестте манастири се изградени на карпи од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција. Манастирите била населени уште пред 50.000 години, а некаде во 9-от век една група на монаси се преселила токму на овие карпи. Монасите првин живееле во пештери во карпите а во 12-от век почнале да се градат манастирите. Висината на карпите е до 313 метри и до манастирите порано се стигнувало со помош на кошници и систем од јажиња, а денес до секој манастир има изградено влез.  5 манастири се машки, а еден е женски манастир.
08.12.2018 (сабота)Состанок на групата во Скопје на Дрводекор во 05:00h. Поаѓање за Солун во 05:30h. Се патува преку граничниот премин Богородица. Пристигнување во Солун. Посета и можност за шопинг во Cosmos или Ikea.  Поаѓање за Паралиа попладне. Сместување во хотел со 3*.Можност за организирање на факултативна  вечера и дружба во некоја од грчките таверни. Ноќевање.
09.12.2018 (недела)Појадок. Одјавување од хотел и поѓање за Метеори. Разглед на манастирскиот комплекс, можност за посета на некој од манастирите ( Голем Метеор, Варлам...). Посета на фабриката за икони во Каламбака. Попладне поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје околу полноќ.
Цена на аранжманот: 49 евра/3.040 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:-превоз на наведената релација-сместување во хотел со 3* на база ноќевање со појадок-представник од агенција-посета на Метеори
Во цената на аранжманот не е вклучено:-патничко осигурување-факултативна вечера 20 евра-влезница во манастирите 3 евра.
Напомена:За реализација на програмата потребни се минимум 40 патници. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред тргање.