БУДВА -  НОВА ГОДИНА 2023

СО СКАУТ НА НАЈГОЛЕМАТА НОВОГОДИШНА БАЛКАНСКА ЗАБАВА ВО БУДВА 

  Будва - Дубровник – Острог - Сутоморе

30.12.2022-02.01.2023

30.12.2022 петок

Состанок на групата во Скопје во 23:30 часот кај с.ц. Борис Трајковски. Поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

31.12 2022 сабота

Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Сместување во Сутоморе и Будва. Слободно попладне. Во вечерните часови заминување на плоштадот во Будва (оние кои се сместени во Сутомрое).....Дочек на Новата година на градскиот плоштад во Будва, организирана забава со KONSTRAKTA,DUBIOZA KOLEKTIV, GIBONI. Во договорено време, организиран трансфер за патниците кои се сместени во Сутоморе. Ноќевање.

***дочек на новата 2023 во Котор со Здравко Чолич – доплата 10евра***

01.01.2023 недела

Состанок на групата во 12.00 часот и поаѓање за Дубровник (факултативно). Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах. Слободно време за индивидуална прошетка од околу 3 часа .. попладне се враќаме во Црна Гора. Во договорено време поаѓање за Будва. Забава на плоштад или во некое локално кафуле или ресторан ( реприза на Нова година – забава со, СараЈо, Сенидах, Дино Мерлин). Враќање во Сутоморе. Ноќевање.

02.01.2023 понеделник

Во 11 часот заминуваме за Острог ( факултативно) Попладне, заминување за Скопје. Пристигнување во Makeдонија во доцните вечерни часови.  

ЦЕНА:

·        Сместување во апартмани во Сутоморе 3900 денари

·        Сместување во апартмани во Будва 5900 денари              

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

-превоз на наведената релација

-2  ноќевања во Сутоморе или Будва  (приватно сместување)

-организација и реализација на патувањето

- претставник од агенција за време на целото патување


ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

-факултативна посета на Острог 10 евра

-факултативна посета на Дубровник 30 евра

- патничко -здравствено осигурување

-индивидуални трошоци

Трансфер од Битола, Прилеп, Кавадрци, Неготино(Росоман кај бензинската пумпа), Велес кој се доплаќа 10 ерва по лице.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

*Доплата за еднокреветна соба 30%

*Попуст за деца до 10 години 30%

За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници.

За ова патување важат општите услови за патување на ТА СКАУТ.

 Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)