ВЕЛИГДЕН 2018 ВО РОМАНИЈA

Посета на моштите на Св.Петка

Синаја - Јаши - Букурешт
4 дена /3 ноќевања со појадок

 

1.ден 05.04.2018


Состанок на групата на Дрво Декор во 19.00 часот и поаѓање за Романија. Ноќно возење низ Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.ден 06.04.2018


Пристигнување во Синаја во утринските часови. Факултативна посета на замокот Пелеш, еден од најубавите замоци во Европа,наречен по неговиор прв крал Керол I. Потоа слободно време за индивидуален разглед во Синаја. Тргнување за замокот Бран ( Замокот на Дракула„ ) кој претставува национален споменик на Романија. Попладне тргнување за Брашов. Можност за прошетка низ градот и посета на Црната Црква – романска готска црква. Сместување во хотел. Ноќевање.

3.ден 07.04.2018

 

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Јаши. Престолнина на средновековното кнежество Молдавија, наречен “град на сто цркви“ богат со архитектонски креации, театри, историски градби, ботанички паркови и др. Пристигнување во Јаши, сместување во хотел. Во попладневните часови слободно време за разглед и прошетка. Во Јаши може да се посети Copou паркот, најстариот Универзитет во Романија каде што се Собата на изгубените чекори и историската Гранд Сала, антикварницата на Г-дин Думитру Грумазеску (место инспирирано од книжарницата на Шекспир во Париз), Музејот на Унијата.. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4.ден 08.04.2018


Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Митрополитската православна црква во која се донесени моштите на Св. Петка Параскева чиј празник се слави на 14 октомври- Петковден. Потоа слободно време за разглед и проштетка, при што можат да се видат плоштадот Унири, Соборниот храм "Пресвета Богородица, Католичката катедрала, Катедралата “Треи Иерархи“, Националниот тератар “Василе Александри“, Манастирот Голија, Палатата на културата. Попладне поаѓање за Букурешт.  Сместување во хотел во Букурешт во вечерните часови. Слободно време за одмор. Вечерта можност за прошетка на стариот град каде се лоцирани едни од најинтересните дискотеки, барови и клубови. Ноќевање.

 

5.ден 09.04.2018


Појадок. Одјавување од хотел. Во договорено време разглед на Букурешт со локален водич. При разгледот ќе ги видиме Плоштадот на револуцијата, Црквата Kretzulescu и споменикот на Меморијалот на преродбата, кралската палата која денес е Национален Музеј на уметност, универзитетската библиотека на Букурешт и Романскиот атенеум- концертна сала, авенијата Calea Victorei една од најстарите улици во Букурешт, стариот дел на градот каде се наоѓаат Палатата на Националниот воен круг и фонтаната Сариндар, како и Националниот музеј на Романската историја, Манастирот Ставрополис, Стариот Кнежевски суд, палатата или живеалиште на Влад III Дракула и Метрополитската црква- Патријаршијата. Слободно време за разглед на најстариот дел од градот.Собирање на групата на договорено место и продолжување кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот, 15 мин. слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.  Попладне поаѓање за Македонија. Пристигнување  во раните утрински часови следниот ден.

 

 

 

ЦЕНА: 9850 ден.

 

 

 АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 

-          Автобуски превоз на наведената релација со високо-туристички автобус

-          Сместување во хотел со 3* во Брашов на база ноќевање со појадок 

-          Сместување во хотел во Јаши со 3*– на база ноќевање со појадок

-          Сместување во хотел во Букурешт со 3* на база ноќевање со појадок

-      Посета на наведените градови според програмата


-          Локален водич во Букурешт

-          Пратител во текот на патувањето

-          Организација на патувањето

 

    АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:                             

-       Доплата за еднокреветна соба (за сите ноќевања 3,500 денари)

-       Влезница за Замокот Пелеш – 8 еур

-       Влезница за Замокот Бран – 9 еур

-       Влезница за Црната Црква – 2 еур

-       Други неспоменати влезници

-       Патничко здравствено осигурување – околу 200 денари


Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоледот на активностите во програмата

За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници!!

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. СКАУТ