23
ОКТОМВРИ
- ЦРНА ГОРА
СУТОМОРЕ – ПЕРАСТ – КОТОР – ПОРТО
МОНТЕНЕГРО - ДУБРОВНИК - БУДБА – ОСТРОГ
21.10 – 24.10.2022
4 дена/ 3 ноќевање и превоз
21.10.2022 петок
Состанок на групата во 15,00 часот кај Борис Трајковски, поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи. Пристигнување во Сутоморе во вечерните часови. Сместување.
22.10.2022
сабота
Во 09.00 часот поаѓање за Тиват (факултативно) можност
за прошетка и уживање во ново изградениот луксузен комплекс Порто Монтенегро. Станува збор за едно уникатно место во Тиват
– спој на Монте Карло, Сен Тропе... Главен инцеститор е канадскиот милијардер
Питер Манк кој го купува старото воено бродоградилиште и го претвора во марина
за мега јахти, луксузни хотели, продавници и ресторани. Пауза од 2 часа.
Патувањето го продолжуваме со траект до Пераст.
Пераст е мал град кој се наоѓа помеѓи Рисанскиот и
Бокакоторскиот залив. Пераст со сигурност е една од најатрактивните дестинации
во Бокакоторскиот залив. Овој мал стар град е специфичен по многу нешта. Низ
историјата ова место многумина сакале да го освојат од Византиското царство па
до австриијците и секој од нив оставил свој белег во градот. Денес Пераст е една од најлуксузните
дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви (најпозната
е Св. Никола која датира од 17 век и има камбанарија висока 55 метри), а секако
главна атракција е островот Госпа од
Шкрпеља.
Госпа од Шкрпеља е вештачки остров пред Пераст направен во 15век. Црквата е изградена 1630 година. Има мермерен олтак во кој се наоѓа познатата икона Госпа од Шкрпеља – заштитник на морепловците, дело на Ловр Добричевиќ. Во црквата се наоѓа и гобленот кој од 1803-1828 година го везела Јаница Куниќ, додека го чекала својот маж морепловец, а за одредени делови се извезени од нејзината коса.
Продолжуваме кон Котор,
град под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови. Во Котор може да се
видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифун, Црквата
Св.Никола.... Слободно време од 3 часа за прошетка низ градот. Враќање во
Сутоморе. Ноќевање.
23.10.2022 недела
Состанок на групата во 09.00 часот и поаѓање за Дубровник. (факултативно). Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го
чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од
Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за
индивидуална прошетка. Попладне враќање во Црна Гора и посета на Будва .
Индивидуален разглед на Будва од 3 часа. Враќање во Сутоморе во вечерните
часови.
24.10.2022 понеделник
Во 09.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17
век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот
Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Околу1 4
часот поаѓање за Скопје . Пристигнување
во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА:3900
денари
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
·
3 ноќевања во Сутоморе
·
превоз со високо туристички автобус на
наведената релација
·
посета на
Манастирот Острог
·
пратител за време на целото патување
·
организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
·
факултативна посета на Тиват , Пераст и
Котор – 20 евра
·
факултативна посета на Дубровник и Будва - 30 евра
·
1 евро излетничка такса во Острог
(задолжителна доплата)
·
3 евра туристичка такса во Сутоморе
(задолжителна доплата)
·
превоз од Долниот до Горниот Манастир во
Острог (со комбиња од манастирот)
·
патничко осигурување
*доплата за 1/1 соба 30%
*попуст за деца до 12 години 20%
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата. Може да се патува со лична карта во Црна Гора. За патувањето во Дубровник потребен е пасош . За реализација на факултативата потребени се минимум 25 патници.
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА
Скаут – Скопје