8 ми МАРТ

БРАТИСЛАВА - ВИЕНА
  02.03 - 05.03.2018

4 дена / 3 ноќевања со појадок


02.03.2018 (петок) СКОПЈЕ-БРАТИСЛАВА

Состанок на групата во 13.00 часот пред ТА Скаут во Скопје. Трансфер до аеродромот Александар Велики. Полетување за Братислава во 15.40 часот. Слетување во 17.15 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Можност за кратка индивидуална прошетка. Ноќевање. 


03.03.2018 (сабота) БРАТИСЛАВА

 Појадок. Разглед на градот со локален водич. Старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св.Мартин, Словачкиот национален театар....слободно попладне. Можност за посета на прекрасниот Братиславскидворец, лоциран на рид од каде се пружа прекрасен поглед кон градот. Тоа е ретко место од каде што во исто време може да се видат Австрија, Унгарија и Словачка. Ноќевање. 


04.03.2018 (недела) ВИЕНА-ПАНДОРФ

 Појадок. Факултативна целодневна посета на Виена со попатна посета на Панорф, најголемиот шопинг центар во Австрија. (Oние кои остануваат во Братислава денот го поминуваат индивидуално) Разглед на Виена со локален водич, Дворецот Белведере, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштатод Марија Теразија, Парламентот, Универзитетот, Операта....во попладневните часови враќање за Братислава.Ноќевање.


05.03.2018 (понеделник)

Појадок.Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Братислава. Moжност за посета на некој шопинг центар, прошетка низ центарот на градот, крстарење по Дунав...Организиран трансфер во попладневните часови до аеродром.Полетување за Скопје во 21.55 часот, слетување во 23.30часот. Организиран превоз од аеродромот во Скопје со ТА Скаут.






ЦЕНА 265 еур


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

3 ноќевања со појадок во Братислава

• Авионски билет на релација Скопје-Братискава-Скопје

Рачен багаж со димензии 55x40x23 цм до 10кг

Трансфер до аеродромот во Скопје

Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Братислава

• Разглед на Братислава со локален водич (без влезници)

• пратител за време на целото патување

• организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

посета на Виена и Пандорф 30 евра (превоз и локолан водич, пријавување при резервација)

туристичка такса 1,5 евро дневно (се плаќа во агенција)

влезници за културно-историските споменици 

патничко осигурување 

НАПОМЕНИ

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 20 патници

Агенцијата го задржува правото на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или во целост да го откаже 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите на градовите и местата наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е поинаку наведено во програмата.

Организаторот на патувањето ТА Скаут го задржува правото на промена на програмата на патувањетп во случај на непредвидливи објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на лет, застој во сообраќајот, затворени локалитети и слично.

Пасошот мора да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.



За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје