Калитеа е модерна туристичка населба што се наоѓа на источниот брег на полуостровот Касандра, Халкидики и претставува идеална дестинација за луѓето кои сакаат подинамичен одмор.
Модерната туристичка населба Калитеа е оддалечена приближно 85 километри од Солун и околу 169 километри од границата со Македонија. Името на оваа населба значи „убав поглед“, што го сфаќаат сите посетители веднаш по пристигнувањето.
Калитеа е основана во 1922. година, од бегалци од Мала Азија. Оттогаш до денес, бројот на постојаното население пораснало до 700 луѓе, а постојаните вложувања во туристичките капацитети придонело бројот на посетители во сезоната на одморите да достигне десетици илјади туристи.
Огромниот број посетители доаѓаат во Калитеа за да уживаат во одличните плажи, прекрасните пејзажи и археолошките наоѓалишта кои што се наоѓаат во непосредна близина. Но, вистинската атракција во Калитеа се дискотеките, ноќните клубови и летните барови што овозможуваат непрекината забава во текот на целиот ден, сѐ до раните утрински часови.
Спектакуларниот ноќен живот и забавите на плажа се токму тоа што ги привлекува младите луѓе во Калитеа. Но, не само што Калитеа претставува омилено место за одмор на динамичните луѓе, туку во вечерните часови доаѓаат посетители и од другите летувалишта на Касандра, како и млади луѓе од Солун.
Заради сите горенаведени причини, но и поради големиот број изненадувања што ве очекуваат при пристигнувањето, треба да ја изберете Калитеа за вашиот летен одмор.

AПАРТМАНИ МЕРОПИ
Се наоѓаат во првиот ред на шеталиштето во Калитеа. Оддалечени од најубавата градска плажа околу 150м, се наоѓаат веднаш до главната улица наспроти паркот. До плажа може да се стигне преку скалите кои го сечат паркот со поглед на море или пак по улицата која води до плажа од нејзината лева страна. Вилата располага со 12 трокреветни студија опремени со кујна, клима вклучена во цената, тв, бања, интернет и мала тераса (која е со поглед кон друга вила).

15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 17.01.2018
10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 31.03.2018
5%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.04.2018

MEROPI - KALLITHEA

 

Период

Ноќевања

1/3 (студио за 3 лица)

ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА

20.05-27.05.18

7

59 Промо

27.05-03.06.18

7

89 Промо

03.06-10.06.18

7

139

10.06-17.06.18

7

189

17.06-24.06.18

7

259

24.06-01.07.18

7

289

01.07-08.07.18

7

319

08.07-15.07.18

7

329

15.07-22.07.18

7

349

22.07-29.07.18

7

349

29.07-05.08.18

7

349

05.08-12.08.18

7

349

12.08-19.08.18

7

349

19.08-26.08.18

7

309

26.08-02.09.18

7

229

02.09-09.09.18

7

179

09.09-16.09.18

7

129 Промо

16.09-23.09.18

7

99 Промо

23.09-30.09.18

7

59 Промо

 *Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 Денари

- Цените се дадени по студио за 7 ноќевања;
- На промо цените не следува попуст;
- Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини: 
                   * Возрасни:  35 € од Скопје.
                   * Деца од 2 до 7 години 25 € од Скопје.
                   * Деца до 2 години бесплатно - не користи седиште.
– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

- ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
* За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст.
       * попустите не може да се комбинираа.
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години.
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)