Паралиа е град кој живее цела година, а преку лето и 24 часа во денот. Крајно динамичен и содржаен, овој туристички град со години претставува главна туристичка атракција за многуте млади туристи, кои решаваат својот летен одмор да го поминат во регионот на Пиериа. Безброј хотели и објекти за сметување, ресторани и кафулиња, пицерии и продавници, супермаркети и бутици, ноќни клубови и дискотеки… се се’ што можат да посакаат и нај специфичните туристи од регионот и пошироко. Долгата плажа од преку три километри чист песок, која на југ се протега до Олимпик Бич, а на север до Коринос, е една од најубавите во Грција. Атрактивните содржини со бројните бич-барови, разните клубови и водените спортови, Паралија и нејзините плажи ја издвојуваат за атрактивна дестинација за летен одмор. 

ХОТЕЛ МЕЛБУРН 

Хотел Мелбурн се наоѓа на 250м од плажа. Располага со 1/4 апартмани кои се опремени со одвоена спална (со брачен кревет или два одвоени кревети) и кујна во која има дополнително има една или две софи кои се пуштаат и  тоалет. На најгорниот кат хотелот има и ½ студија (без кујна) кои имаат сопствено купатило, клима, телевизор и фрижидер. Сите соби располагаат со ТВ, клима уред, Wi-Fi и тераса. Хотелот поседува и лифт.


Цените се по лице (7 ноќевања со превоз), трето и четвтро лице гратис!!!


-        20% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.02.2019

-        15% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.02.2019

-        10% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.03.2019




 


* За патување со сопствен превоз од цената се намалува 15 евра по лице.

*Трето и четврто лице гратис, во апартман

Доплата за превоз,

35 евра за возрасни

25 евра за деца до 12 години

*За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман.

*Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.

 

*Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

 *Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.


·         При промена на цената ( зголемување или намалување на истата) нема да се менува веќе договорената услуга.

·         При отказ на аранжман уплатен со попуст, важат условите за отказ согласно редовниот ценовник и општите услови за патување.

·         Доколку се прави промена на термин уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник – се губи правото на попуст.

·         Попустот за рана уплата и попустот 7+7 не може да се комбинираат.

 

НАПОМЕНА

·         Превозот се извршува со автобус или минибус согласно пријавените патници и оди до соодветното место каде може да застане според локалните сообраќајни услови,

·         Организаторот не  гарантира превоз до самиот објект на сместување,

·         Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.