СУТОМОРЕ–ДУБРОВНИК-КОТОР-БУДВА–TИВАТ, ПОРТО МОНТЕНЕГРО–ОСТРОГ-ПОДГОРИЦА 

07.12-10.12.2017
4 дена / 3 ноќевања

ПРОГРАМА:

07.12.2017  ЧЕТВРТОК
Состанок на групата во 13.30 часот од Дрводекор и поаѓање за Црна Гора во 14.00 часот. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сутоморе во вечерните часови. Ноќевање.
08.12.2017 ПЕТОК
Околу пладне поаѓање за Тиват – можност за прошетка и уживање во ново изградениот луксузен комплекс Порто Монтенегро.Патувањето го продолжуваме кон Котор. Слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола...Попладне поаѓање за Будва. Слободно време за индивидуален разглед на стариот град. Во вечерните часови можност за факултативна вечера во ресторан во Будва. Во вечерните часови враќање за Сутоморе. Ноќевање.
09.12.2017 САБОТА 
Поаѓање за Дубровник.  Слободно време за индивидуален разглед на градот. Во Дубровник секогаш воодушевува прошетката по  Страдун каде може да се видат Кнежев двор, црквата Св.Влахо, малата и голема Онофриева фонтана...Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.
10.12.2017 НЕДЕЛА
Во 10.00часот поаѓање за Острог. Посета на Манастирот кој датира од 17 век и е посветен на Св. Василие Острошки.....Попладне поаѓање за Скопје со попатна пауза во Delta City во Подгорица. Патувањето го продолжуваме низ Албанија и Косово со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА 4.000 ден.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
- 3 ноќевања во Сутоморе (Вила Скаут и Скаут 1) - превоз со високо туристички автобус на наведената релација - посета на Острог, Дубровник, Котор, Будва, Тиват-Порто Монтенегро - пратител за време на целото патување - организација и реализација на патувањето


ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
- влезници за културно-историските споменици - патничко осигурување - излетничка такса во Острог 1 евро - туристичка такса во Котор 1 евро 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
доплата за 1/1 соба, 30% од аранжманот попуст од 30% за деца до 12 години

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40 патници.За ова патување важат општите услови за патување на ТА Скаут – Скопје