БЕЛГРАД
ДОЧЕК НА НОВАТА 2018 ГОДИНА

1.ДЕН (30.12.2017 Сабота) Скопје – Белград
Состанок на групата на паркингот кај салата „Борис Трајковски“. Поаѓање во раните утрински часови - 03:00. Се патува преку граничниот премин Табановце. Пристигнување на групата во Белград во раните попладневни часови. Следува панорамски разглед на Белград, главниот град на Србија, кој ги вклучува најпознатиот стадион од поранешните југословенски простори Маракана – стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражњатович, потоа атрактивниот дел на градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Разгледот го привршуваме со христијанскиот храм свети Сава. Следува сместување и слободно време за одмор и релаксација. Потоа заминување на пешачки разглед кон центарот на градот:хотел Москва, ул. Кнез Михајлова, плоштадот на Републиката, Калемегдан парк, Скадарлија... Во вечерните часови организирано заминување кон една од познатите белградски кафани каде со звуците  на македонската и српската музика ќе уживаме во предноводишната атмосфера. Ноќевање.

2.ДЕН (31. 12.2017 Недела ) – Белград ДОЧЕК НА НОВАТА 2018 ГОДИНА
Можност за дневна забава како продолжување на одличното расположение. Следува слободно време за индивидуални активности и одмор. Во вечерните часови следува Дочекот на 2018година, најлудата ноќ во годината во еден од најатрактивните и најексклузивни белградски клубови. Ноќевање.

3.ДЕН (01.01.2018 Понеделник ) - Нови Сад – Белград – Скопје
Следува напуштање на хостелот/хотелот. Факултативен излет до Нови Сад.Разглед на градот:улицатанаЈован Ј. Змај, Дунавскатаулица - пешачкатрговсказона, Владичанскиотдвор, плоштадотсоГрадскотособрание и католичкатацрква, Петро- варадинскататврдина.Заминување кон Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ОПИС НА ХОСТЕЛОТ/ХОТЕЛОТ:

1. Хостелот се наоѓа во строгиот центар на Белград со извонредна локација на само пет минути пешачење од главната улица Кнез Михајлова.Собите се чисти и комфорни.
Хостелот е составен од два дела:
- I дел:Вопрвиотделнахостелот, тоалетите( wcшколките, туш кабините и умивалникот) се заеднички на секој спрат. Истите во секое време се уредно чисти. На секој спрат од овој дел на хостелот има заеднички тоалети за сите соби на спратот.
- II дел:Во вториот дел на хостелот, секоја соба располага со туш кабина и  умивалник во склоп на својата соба, додека пак wcшколките се распоредени во заеднички простор на самиот спрат.

2. Хотелот се наоѓа во областа Шумица на 5 км од центарот на градот. Има одлична поврзаност со центарот на градот и располага со повеќе од 300 легла а комплетно е реновиран во 2005 година.

Сместување

1/2

1/3

1/4

1/5

1/6

Хотел Србија 3*

89

79

-

-

-

Хостел Јелица
I дел

продадено

продадено

продадено

продадено

продадено

Хостел Јелица
II
  дел

продадено

продадено

69€

продадено

продадено













ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- 2 ноќевања  во Белград во хостел со  - 1/3, 1/4,1/5, 1/6 креветни собиили во хотел 3* со појадок – 1/2 или 1/3 креветни соби;
- Комплетна организација на патувањето со пратител за време на целото патување;
- Превоз со високотуристички автобус (клима, тоалет, ТВ, видео) на релација Скопје – Белград – Скопје;
- Панорамски разглед на градот;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Патничко и здравствено осигурување (200 денари);
- Факултативни излети (Дочек на Нова година, кафанa);
- 155динари (1,29€)   по ноќ туристичка такса (се плаќа на рецепција);
 
*За сопствен превоз се одбива 10 евра од аранжманот;

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од другите градови:
Битола – Паркинг , Спортска сала – 23:30 часот
Прилеп – Бензиска пумпа, Лукоил – 00:15 часот
Струмица – Бензиска пумпа Макпетрол ( на влез во градот) – 00:30 часот
Удово – Бензиска пумпа Макпетрол ( и за патници од Валандово и Гевгелија) – 01:00 часот
Неготино – Бензиска пумпа Макпетрол ( и за патници од Кавадарци) – 01:30 часот
Велес – Бензиска пумпа Макпетрол (спроти Мотел Македонија) – 02:00 часот
*За организиран превоз од горенаведените градови се доплаќа по 5 евра од лице, а истиот се реализира во случај на доволен број патници – минимум 25 патници.