Моќниот Берлин со посета на Потсдам
Авион / 4 дена / 3 ноќевања

ПРОГРАМА:
29.12.2017 (Петок) СКОПЈЕ – БЕРЛИН
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот. Полетување за Берлин во 12.35, слетување во Берлин во 15.00 часот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
30.12.2017 (Сабота) БЕРЛИН
Појадок. Организиранo разгледување на градот, Плоштадот на Републиката, Германскиот Парламент Бундестаг, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Плоштадот Александерплац со највисоката ТВ кула Фернзетурм, а од тука започнува и најдолгата трговска улица Курфурштендам долга околу 3 километри, Црквата Св. Никола, Дворецот Шарлотенбург познат по прекрасниот уреден парк, Олимпискиот Стадион, Меморијалниот комлекс посветен на холокаустот, Плоштадот Потсдам, Еврејскиот музеј, легендарниот некогашен граничен премин помеѓу Источниот и Западниот Берлин – наречен Чарли, Берлинскиот ѕид…Слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме посета на Музејскиот остров со 5 музеи. Последниот изграден, и можеби највреден музеј е Пергамон, завршен во 1930 година, кој изложува реконструкции во оригинална големина на монументални антички згради, како што се Пергамонскиот олтар, портата Иштар на Вавилон и портата на пазарот во Милет. Овие реконструкции се состојат од оригиналните делови пренесени од местата каде се пронајдени. Вечерта, можност за вкусување на познатите берлински специјалитети, зачинет колбас со кари или познатиот оброк кој го носи името Берлин, црн дроб на Берлински начин, односно похован црн дроб со јаболка и кромид. Ноќевање
31.12.2017 (Недела) БЕРЛИН – ПОТСДАМ
Појадок. Слободно времe за индивидуални прошетки или факултативна посета на Потсдам, брандербуршка престолнина, некогашна резиденција на Пруските кралеви и летна резиденција на Фредерик Велики. Гратчето денес изобилува со прекрасни пејзажни убавини, паркови и кралски палати, под заштита на УНЕСКО. Палатата Сансуси е изградена во рококо стил, како пандан на познатиот француски дворец Версај, во обид за тогашниот крал, да обезбеди место понастрана од вревата и формалностите на берлинскиот двор. И самото негово име во превод значи “безгрижен”. Палатата ја красат 12 различни гламурозни и тематски различни соби, опкружена со прекрасен парк кој каскадно се распространува низ дворовите со многубројните фонтани…. Вечерта, дочек на Новата Година на некој од плоштадите или факултативно, дочек на Нова година во Haus Ungarn Club (со вклучени пијалоци) . Ноќевање.
01.01.2018 (Понеделник) БЕРЛИН – СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме прошетка во стариот дел на Берлин, со тесни улички со калдрма и многубројни продавници за сувенири, антикварници, ресторани и традиционални пивници. Организиран трансфер до аеродромот во Берлин. Полетување за Скопје во 16.05 часот. Пристигнување во Скопје во 18.20 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

399 € за уплата до 15.10.2017
419 € за уплата до 30.11.2017
449 € за уплата после 01.12.2017

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНО Е :
– Авионски превоз на релација Скопје – Берлин – Скопје
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
– Трансфер во Берлин од аеродромот до хотелот и обратно
– Сместување во City Hotel Berlin East 4* во Берлин на база 3 ноќевања со појадок
– Организирано разгледување на Берлин со професионален туристички водич на 30.12.2017
– Придружник од агенцијата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.100 денари
или багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) 2.900 денари
– Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во агенција)
– Факултативна посета на Потсдам 40 евра
– Дочек на Нова Година во Haus Ungarn Club – 99€ со вклучени пијалоци
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
– Патничко-здравствено осигурување 250 денари

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО НАМАЛЕНА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД 6000МКД.
Комплетна доплата на аранжманот до 01.12.2017

Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ТА СКАУТ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.