НОВА ГОДИНА 2018
БУДИМПЕШТА
29.12.2017 – 02.01.2018
(5 дена / 2 ноќевања)
ПРОГРАМА:
1 ден (29.12.2017- петок) - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА            
Состанок со групата во Струмица во 13.00 часот, со попатно собирање на патниците од Радовиш, Штип и Велес. Тргнување од Скопјe во 16.00 часот. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (30.12.2017- сабота) – БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.  Слободно време на Ваци.Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта одиме на Крстарење соброд по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (31.12.2017 – недела) - БУДИМПЕШТА –***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2018***
Појадок. После појадокот, факултативна посета на Парламентотhttp://www.budapest-parliament.com , еден од трите најголеми парламенти во Европа. Факултативна посета на Дворецот на Кралицата Сиси http://www.kiralyikastely.hu/main_page. Слободно време за индивидуални прошетки во предновогодишно украсената Будимпешта.
Вечерта дочек на Новата година на некој од плоштадите во Будимпешта, или можност за дочек во Национален ресторан – ЧАРДА (факултативно). Ноќевање.

4 ден (01.01.2018 – понеделник) - БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот во 10:00 часот и упатување во факултативна посета на Тропикариумhttp://www.tropicarium.hu .  Можност за шопинг во трговскиот центар во чиј состав е Тропикариумот. Поаѓање за Скопје/Струмица во 17:00ч. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден (02.01.2018 – вторник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 25.11.2017 -  125€ (7.750 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 26.11.2017 -  135€ (8.370ден.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:     
Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
Сместување во хотел во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,
Придружник од агенцијата за време на патувањето,
Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
Факултативни посети
Дочек на Нова година во национален ресторан – Чарда –  €
Влезници за музеи и културно – историски споменици
Патничко осигурување

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
- ЦЕНИ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА :
Разглед на Будимпешта со локален водич – задолжителна уплата во агенција - 10 €
Крстарење со брод по Дунав – 15 €
Вечера во ресторан – чарда - 25 €
Посета на Тропикариум (трансфер, влезница и локален водич) – 15 €
- ЦЕНИ ЗА УПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО :
Крстарење со брод по Дунав – 20 €
Вечера во ресторан – чарда - 30 €
Посета на Тропикариум (трансфер, влезница и локален водич) – 20 €


ОПШТИ НАПОМЕНИ:
-Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
-Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
-Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
-За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
-За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2018 година.
-Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
-За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
-Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
 
*Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2017 и минимум пријавени патници за  реализација: 30


Забелешка: За реализација на аранжманот се потребени мимимум 40 патници.
Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ТА СКАУТ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.